Дечко од Англија на 4 години запросил девојче од градинка, а сега на 22 таа навистина ќе му биде жена
- Детали
- четврток, 23 јуни 2022
По градинка, патиштата им се разделиле, но 14 години подоцна, Џо ѝ пишал на Фејсбук и ѝ кажал дека најверојатно таа не се сеќава на него, но Џес веднаш му одговорила: „Дали ти си момчето со кое се омажив на 4 години?“ И сега навистина ќе прават свадба.
Љубовната приказна на Џес Пик (22) и Џо Метјуз (22) од Англија е навистина уникатна и ќе им се допадне на сите романтичари.
Двајцата оделе заедно во градинка и на 4 години се „венчале“. Интересно е што сега, на 22 години, тие навистина се свршени и за еден месец ќе прават свадба.
По градинка тие изгубиле контакт, но по 14 години повторно се сретнале и судбината искроила неверојатно сценарио, па по „свадбата“ во градинка, тие сега ќе прават вистинска свадба.
Мајката на Џес, Мишел, за британските медиуми изјави: „Тие имаа само 9 месеци кога се сретнаа за првпат во градинка, секој ден појадуваа заедно, одеа на истите детски роденденски забави и што уште не. Но, потоа продолжија во различни училишта.“
Патиштата им се разделиле, но по 14 години од разделбата, Џо ја пронашол Џес на Фејсбук.
Тој ѝ пишал и ѝ кажал дека најверојатно таа не се сеќава на него, но таа веднаш му одговорила: „Дали ти си момчето со кое се омажив на 4 години?“
Потоа договориле средба, па заедно гледале касети од кога биле деца.
Започнале врска, а Џо на романтичен начин ја запросил Џес во август минатата година.
Тој работи како учител, исто како и Џес, и на своите ученици им рекол да ги обојат буквите „Омажи се за мене“, а со гестот ја трогнал Џес.
Романтична реална приказна, зарем не?
С. С. | Црнобело