Потресни фотографии: Пливачка изгубила свест и потонала во базен – тренерот ја спасил бидејќи спасувачите не направиле ништо

Анита Алварез од САД се натпреварувала во синхронизирано пливање, кога изгубила свест и потонала во базенот. Бидејќи спасувачкиот тим не направил ништо, нејзиниот тренер скокнал во базенот и ѝ го спасил животот.

potresni-fotografii-plivachka-izgubila-svest-i-potonala-vo-bazen-trenerot-ja-spasil-bidejkji-spasuvachite-ne-napravile-nishto-01.jpg

Светското првенство во пливање што периодов се одржува во Будимпешта можело за да заврши кобно за една натпреварувачка која изгубила свесет во базенот. 

Но, благодарение на брзата реакција на нејзиниот тренер, девојката е спасена.

25-годишната Анита Алварез од Америка е пливачка која вчера, 23-ти јуни, се натпреваруваше на светското првенство во пливање што се одржува во Будимпешта.

potresni-fotografii-plivachka-izgubila-svest-i-potonala-vo-bazen-trenerot-ja-spasil-bidejkji-spasuvachite-ne-napravile-nishto-03.jpg

Анита се натпреварувала во соло синхронизирано пливање, кога изгубила свест и потонала во огромниот базен.

Брзата реакција на нејзиниот тренер, Андреа Фуентес, дефинитивно ѝ го спасила животот на Анита.

Од потресниот момент се објавени фотографии на кои се гледа како младата пливачка лебди на дното во базенот, а Андреа плива кон неа, па ја изнесува на површина.

potresni-fotografii-plivachka-izgubila-svest-i-potonala-vo-bazen-trenerot-ja-spasil-bidejkji-spasuvachite-ne-napravile-nishto-07.jpg

potresni-fotografii-plivachka-izgubila-svest-i-potonala-vo-bazen-trenerot-ja-spasil-bidejkji-spasuvachite-ne-napravile-nishto-02.jpg

Во тој миг, во базенот влегува и маж чиј идентитет не е познат и ѝ помага на Андреа да ја извади Анита од базенот.

potresni-fotografii-plivachka-izgubila-svest-i-potonala-vo-bazen-trenerot-ja-spasil-bidejkji-spasuvachite-ne-napravile-nishto-08.jpg

Според некои очевидци, додека траела спасувачката мисија, спасувачите не направиле ништо за да им помогнат на Андреа и Анита.

„Беше многу страшно. Морав да скокнам бидејќи спасувачите не правеа ништо. Бев исплашена бидејќи Анита не дишеше, но сега е добро“, изјави Андреа по инцидентот.

potresni-fotografii-plivachka-izgubila-svest-i-potonala-vo-bazen-trenerot-ja-spasil-bidejkji-spasuvachite-ne-napravile-nishto-09.jpg

Набрзо потоа, Андреа се огласи и на Инстаграм, уште еднаш потврдувајќи дека младата пливачка е во ред:

„Анита е во ред – лекарите проверија сè и сè е нормално – пулс, кислород, крвен притисок… Некогаш забораваме дека се случува ова во спортовите што бараат многу издржливост.

Трчање маратони, возење велосипед… сите имаме видено фотографии од спортисти кои не успеале да стигнат до финишот и други кои им помагаат да стигнат дотаму.

Нашиот спорт не е поразличен од другите, само што е во базен. Ги тестираме нашите граници и некогаш ги наоѓаме.

Анита се чувствува добро и лекарите велат дека е во ред. Утре ќе одмара цел ден и со лекарот ќе одлучат дали ќе може да се натпреварува во финалето или не“.

potresni-fotografii-plivachka-izgubila-svest-i-potonala-vo-bazen-trenerot-ja-spasil-bidejkji-spasuvachite-ne-napravile-nishto-05.jpg

Daily Mail пренесува дека ова не е првпат Анита да изгуби свест во базенот. Минатата година таа се натпреварувала за квалификации во Олимписките игри, кога изгубила свест. Андреа ја извадила од базенот и тогаш.

Тогаш се огласила нејзината мајка, која потврдила дека за време на тренинзите честопати се случувало Андреа да изгуби свест:

„За жал, сум го видела тоа и претходно, но никогаш за време на натпревар. Веднаш знаев што ѝ се случува. Беше тешко за гледање“.

potresni-fotografii-plivachka-izgubila-svest-i-potonala-vo-bazen-trenerot-ja-spasil-bidejkji-spasuvachite-ne-napravile-nishto-04.jpg

Пливачите кои се натпреваруваат во синхронизирано пливање треба да го држат воздухот многу долго време, некогаш и повеќе од една минута. Поради ова, не било реткост да изгубат свест додека тренираат.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
Бебе херој: Се родило во петтиот месец тешко само 410 грама, а сега го прослави првиот роденден Сите ѝ рекле дека на бебето му нема спас и да се прости со него, но во мигот ког...
„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg