Најбезбедните и најопасните земји за 2022 година – Македонија е на подобра позиција од лани

Поради конфликтот, Украина е земја која бележи најголем пад во однос на безбедноста, додека Македонија се искачила за една позиција за разлика од лани и сега се наоѓа на 36-тото место од 163 рангирани земји.

najbezbednite-i-najopasnite-zemji-za-2022-godina-makedonija-e-na-podobra-pozicija-od-lani-001.jpg

Vision of Humanity е невладина организација која секоја година изработува листа на која ги рангира државите според безбедноста.

Во извештајот познат како Global Peace Index се земаат предвид неколку фактори според кои се оценуваат државите и нивната безбедност.

Неодамна беше објавен извештајот за 2022 година и, според резултатите, Исланд важи за најбезбедна земја за живот. Всушност, Исланд се наоѓа на првото место уште од 2008 година.

najbezbednite-i-najopasnite-zemji-za-2022-godina-makedonija-e-na-podobra-pozicija-od-lani-02.jpg

Најопасна за живот е Авганистан, и тоа петта година по ред, а на дното на листатa се наоѓаат и Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан. Како што е наведено во извештајот, овие земји се едни од најнебезбедните не само во 2022-ра, туку и во претходните три години.

За оваа година земен е предвид и конфликтот во Украина, поради што оваа земја бележи можеби најголем пад кога станува збор за нејзината безбедност. Сега Украина се наоѓа на 153-тото место и бележи пад од 17 позиции.

najbezbednite-i-najopasnite-zemji-za-2022-godina-makedonija-e-na-podobra-pozicija-od-lani-04.jpg

Европа се смета за најмирниот континент во светот и овде се наоѓаат седум од десетте најбезбедни држави.

Резултатите покажале дека оваа година било забележано влошување на состојбата во 71 држава. Од друга страна, кај дури 90 земји било забележано подобрување, вклучувајќи ја и Македонија.

najbezbednite-i-najopasnite-zemji-za-2022-godina-makedonija-e-na-podobra-pozicija-od-lani-05.jpg

Од 163-те земји што се наоѓаат на листата, Македонија е на 36-тото место и оваа година се искачила за една позиција.

najbezbednite-i-najopasnite-zemji-za-2022-godina-makedonija-e-na-podobra-pozicija-od-lani-06.jpg

Од соседните држави, единствено Бугарија има подобар резултат од нас и се наоѓа на 24-тото место. Албанија се наоѓа на 41-вото, Грција на 53-тото, додека Србија на 52-рото место.

najbezbednite-i-najopasnite-zemji-za-2022-godina-makedonija-e-na-podobra-pozicija-od-lani-03.jpg

На следната страница 10-те најбезбедни и 10-те најопасни држави за 2022 година...



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Беше само 1 година постара од зетот - Што знаеме за мајката на Меланија Трамп која почина на 78 годи... Мајката на Меланија Трамп почина на возраст од 78 години. Што знаеме за жената к...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg