„Не ми кажа дека е женет, спиеше со мене и потоа го кажав на жена му – згрешив ли?“

„Го прашав дали е во врска и тој ми рече: ‘Да, извини, требаше да ти кажам, женет сум’. Мислев дека се шегува. Бесна си заминав...“

ne-mi-kazha-deka-e-zhenet-spieshe-so-mene-i-potoa-go-kazhav-na-zhena-mu-zgreshiv-li-01.jpg

Хејли е девојка која на својот ТикТок профил отворено говори на разни теми, а овојпат искрено сподели за случка од нејзиниот љубовен живот.

Таа откри дека запознала маж на Тиндер со кого се гледала неколку седмици.

Во текот на тој период била дури и кај него дома и имале секс таму, но потоа дознала дека тој всушност е женет.

„Отидов кај него, сè беше добро, разговаравме во дневната соба, па потоа се префрливме во спалната соба. По случувањата таму го прашав – дали ќе биде проблем да го искористам тоалетот.

Тој малку се двоумеше, но кажа ‘да’. Кога отидов во тоалетот врз една полица имаше фрлено пешкир, се зачудив зошто, па ѕирнав, а таму имаше две четкички за заби, од кои едната розова. Потоа, видов и продукти за коса, а знам дека не му се потребни затоа што е ќелав.

Бесна излегов оттаму и го прашав дали е во врска и тој ми рече: ‘Да, извини, требаше да ти кажам, женет сум!'

Мислев дека се шегува. Нервозна и разочарана си заминав...“

Потоа, Хејли споделува дека вечерта тој ѝ пишал порака во која ја замолил да не ѝ кажува на жена му.

Иако прво била на ставот дека не е таков тип на личност и дека нема шанси да ѝ каже, потоа одлучила сепак да појде кај неа ѝ да и каже.

Хејли, сега се прашува дали ја донела вистинската одлука. Што мислите вие?

@inkedhaley Reply to @donttakeshit0 story time! #tinder #storytime #cheater #sorry #oops #married #single #getyohusband #whoknew #ohno #wow #whyme #tindernightmare #fun #fyp ♬ original sound - inkedhaley

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg