Порно актерката Шери Девил за темната страна на индустријата: „Ретко кој издржува повеќе од 5 години, а животот потоа ви е уништен“ (18+)
- Детали
- петок, 17 јуни 2022
„Си ја сакам работата, но никого не охрабрувам да влезе во тој свет. Нема процент од заработката, добиваме само дневница и тоа не голема како што се мисли. Во оваа индустрија најмногу може да се издржи 5 години, а во тој период треба да заработиме за цел живот, затоа што потоа никој не нѐ вработува“ - вели Шери Девил, која објаснува дека животот на порно актерите е уништен по кариерата.
Шери Девил (43) е позната порно актерка, која на 43 години стана една од најголемите ѕвезди во индустријата на филмовите за возрасни, но тврди дека славата како порно ѕвезда има и негативна страна.
Таа претходно работела како физиотерапевт, но откако агент ги видел нејзините фотографии на веб страна за модели, ѝ понудил да работи како порно актерка.
Како што вели, заработката не е голема како што повеќето мислат, а шансите за нов живот по кариерата како порно ѕвезда се речиси никакви.
„Вообичаено во филмовите за возрасните, немате процент од заработка, одите на работа, ви се пресметува дневница за тој работен ден, а на крајот на месецот добивате плата и тоа е тоа...“
Според неа, шансите за успех по кариерата во филмовите за возрасни се минимални и речиси никакви.
„Актерите во порно филмовите имаат мошне кратка кариера... Може да работиме најмногу околу 5 години, и навистина би било вистинско чудо ако некој успее да издржи толку долго.
Во овој период треба да ги заработиме сите пари што може да се заработат за да ни траат за цел живот. Затоа што, освен ако некој е бизнис гениј, никој нема да да сака да вработи поранешен порно актер на високи работни места по порно кариерата.
Сметам дека осудените криминалци имаат поголеми шанси за вработување од поранешните порно актери.
Си ја сакам работата, но никого не охрабрувам да се впушти во оваа индустрија“ – појаснува таа.
Повеќе фотографии од Шери на следната страна...