Како изгледаше Супермесечината на јагодите кај нас, а како низ светот? (фото)

Не беше розова, ниту во форма на јагода, но Месечината во текот на минатата ноќ беше посебна – како да ни е на дофат на рака, а ако не успеавте да ја видите на небото, погледнете како изгледаше Супермесечината на јагодите кај нас и во светот низ фотографии.

kako-izgledashe-supermesechinata-na-jagodite-kaj-nas-a-kako-niz-svetot-foto-01.jpg

Минатата вечер (14.06) на небото можевме да ја видиме Супермесечината на јагодите, која воедно е и најголемата полна Месечина за оваа 2022-ра година.

Оние што имаа можност да го видат природниот сателит на Земјата, минатата вечер забележаа дека изгледа поголемо од вообичаено, како да ни е на допир.

View this post on Instagram

A post shared by Igor Panevski (@igorpanevski)

Научното објаснување за овој феномен е во тоа што Месечината изминатата ноќ се наоѓаше најблиску до Земјата и заради тоа изгледаше значително поголемо од вообичаено, а името „Супермесечина на јагодите“ го добила од Индијанците затоа што вообичаено се појавува во јуни, односно во периодот кога почнуваат да се берат шумските јагоди.

View this post on Instagram

A post shared by Жарко (@karanfilov_)

Голем број фотографи и фото-аматери ја искористија приликата да го фотографираат овој феномен кај нас, но и низ светот.

Погледнете во галеријата како изгледаше синоќешната Супермесечина:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
Дете на 2-годишна возраст се искачи до камп на Монт Еверест на 5.364 метри и сруши рекорд (фото) Со своите две години, малиот Картер од Англија стана најмладата личност која сти...
ТВ водителка поминала 400 операции, откако бившиот ја нападнал со киселина: „Се плашев од луѓето“ „Не сакав никого да видам и не сакав никој да ме види. Се сеќавам колку се плаше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg