Дечко од публика падна од балкон, висок 10 метри, на концерт на Хари Стајлс – за чудо преживеа (видео)
- Детали
- вторник, 14 јуни 2022
На вознемирувачкото видео се гледа ужасната сцена како Дилан Вуд (20) од Шкотска паѓа на концертот од ВИП балконот, висок 10 метри – за чудо тој преживеа и нема посериозни повреди. Неговата мајка открива детали за настанот...
Дилан Вуд (20) од Шкотска паднал од балкон висок 10 метри на стадионот „Ibrox“ во Глазгов за време на концертот на Хари Стајлс во саботата (11.06).
Потоа, итно бил одвезен во болница и ставен на респиратор.
Неговата мајка Марион Хокинс вели дека ѝ се превртува во стомакот кога го гледа видеото како нејзиниот син паѓа, но е пресреќна што тој е жив и дека тоа е вистинско чудо.
Дилан бил сместен на ВИП балкон и кога се потпрел на оградата изгубил контрола и се превртел преку оградата, паѓајќи на седиштата долу и онесвестувајќи се од ударот.
Веднаш бил однесен во болница и вистинско чудо е што веќе е пуштен дома.
„Не се знаеше какви повреди има и затоа веднаш беше ставен на респиратор, за да го одржува стабилен“, изјави неговата мајка Мерион.
„Неверојатно е што на снимањата се гледа дека сè е во ред и тој нема ниту скршеници, ниту посериозни повреди, само гребаници и мали исеченици“, вели неговата мајка.
Таа додава дека сè се случило брзо и дека на Дилан му е во магла како паднал, најверојатно лошо проценувајќи ја висината на оградата.
Погледнете го застрашувачкото и вознемирувачко видео:
С. С. | Црнобело