Згодна манекенка им помага на жените да ги фатат на дело неверните сопрузи – „Мажите тешко одолеваат на моите пораки“ (фото)
- Детали
- сабота, 25 јуни 2022
Атрактивна манекенка од Шпанија нашла начин како да го искористи својот атрактивен изглед и да им помогне на жените да откријат дали нивните партнери ги изневеруваат. Погледнете зошто мажите не можат да ѝ одолеат и на која социјална мрежа богатите најчесто бараат љубовници.
Каролина Лекер (25) од Барселона е поранешен Playboy модел, а моментално им помага на жените да ги фатат на дело своите неверни момчиња и сопрузи.
Нејзините услуги чинат околу 1.600 евра, а девојките и жените без проблем се подготвени да ја платат оваа сума за да откријат дали нивните партнери ги изневеруваат.
Атрактивната манекенка најчесто почнува да праќа приватни пораки на социјалните мрежи на партнерите на нејзините клиенти и чека да види каква ќе биде нивната реакција откако ќе увидат дека имаат можност да одат на состанок со неа.
Според неа, богатите мажи најчесто користат една социјална мрежа за наоѓање љубовници и не е Tinder или WhatsApp.
„Најмногу неверство има на LinkedIn. Со оглед на тоа што на ниту една жена нема да ѝ текне да го провери профилот на LinkedIn, туку само Инстаграм и Фејсбук, на мажите најлесно им е таму да бараат љубовници затоа што таму нема да бидат фатени“ – појаснува Каролина.
Услугите на Каролина започнале како услуга за блиски пријателки и познанички, а како што вели таа најчесто ги става на тест на лојалност.
„Откако ќе ги добијам профилите на мажите стапувам во контакт со нив и разговарам на најразлични теми. Некои од нив покажуваат интерес веднаш и ме викаат на состанок. Има и такви што не сакаат да разговараат на социјални мрежи и сакаат да се видиме лично и веднаш знам за што се способни“ – вели убавата манекенка.
Каролина вели дека за своите услуги наплаќа само ако успее да договори состанок со партнерот на нејзините клиенти и ако тој падне на тестот за лојалност. Таа вели дека досега заработила околу 8.000 евра на овој начин, а нема намера во иднина да престане да им помага на жените.
Погледнете повеќе фотографии од Каролина во продолжение и ќе сфатите зошто е толку тешко мажите да ѝ одолеат:
https://www.instagram.com/p/CYSHkVtLJ9l/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело