„Со парите што ми ги побараа во САД за фарбање коса, отидов на одмор во Турција и таму ми направија нова фризура“
- Детали
- сабота, 18 јуни 2022
Колку пари сте подготвени да платите за да добиете нова фризура? Брин Елси од САД неодамна појасни дека за да ја добие косата од соништата отпатувала во Турција. Тоа го направила со парите што требало да ги потроши доколку одлучела да ја офарба косата во салон во САД.
Брин Елси е инфлуенсерка што редовно споделува видеа на социјалните мрежи во кои открива трикови за тоа како да заработите пари додека патувате.
Таа честопати објавува видеа во кои купува користени книги за еден долар, а потоа истите ги препродава по цена повисока од 50 долари на Амазон, а неодамна успеа да заштеди поголема сума така што одлучи косата да ја офарба во салон во Турција.
Брин објави видео на ТикТок во кое појасни дека во салонот каде што редовно оди во САД ѝ побарале околу 4.000 долари за да ја добие посакуваната боја на коса, по што таа одлучила да купи билет и да замине во Турција.
Таа идејата за фризура првпат ја видела на Инстаграм профил на фризерски салон од Турција и така одлучила да отпатува и да го посети салонот од Инстаграм, каде платила само една дестина од износот што ѝ го побарале во САД.
„Во Турција платив 450 долари плус бакшиш за 8-часовно осветлување, тонирање и висококвалитетни екстензии од 60cm за мојата густа коса.
Не, во салонот во САД не се обидуваа да ме ограбат, одам кај нив со години, но со текот на годините постојано ги зголемуваат цените како што им растеше и бројот на клиенти“ – откри таа.
@bryn.elise It cost less INCLUDING my 2 week vacation here ? More info ⬇️ #travel #hair #travelhacks #remotework ♬ taehyun is so bf - amber ✘ | rest
Голем број од нејзините следбеници коментираат дека денес е мошне скапо да се биде русокоса, затоа што часовите поминати во осветлување, тонирање и екстензии чинат мошне скапо.
Како што може да се види од објавите на нејзините социјални мрежи Брин со парите што требало да ги плати за фризурата во САД успеала да оди на одмор во Турција, но и да ја добие фризурата од соништата.
Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело