„Дознав дека докторот ме оплодил со негова сперма, се чувствувам како да ме силувал“ – бизарната реалност на 94 жени
- Детали
- среда, 08 јуни 2022
Приказната на скандалозниот доктор од САД, Доналд Клајн, кој додека лекувал пациентки од неплодност ја користел сопствената сперма за да ги оплоди е обработена во најновиот документарен филм на Netflix. Пациентките тврдат дека се чувствуваат како да ги силувал, а особено се погодени оние жени што со години верувале дека забремениле од семената течност на нивните партнери.
Новиот документарен филм на Netflix, „Our Father“ е снимен по вистинска приказна и ја следи приказната за докторот Доналд Клајн, лекар за неплодност кој во својата кариера користејќи ја сопствената семена течност за оплодување на пациентките, станал татко на 94 деца.
Меѓу пациентите има и парови, што ги уверувал дека забремениле со семената течност на нивните партнери, кои долги години подоцна дознале дека не се биолошки татковци на нивните деца.
Во филмот се појавуваат Лиз Вајт (69) и нејзиниот син Метју од Индианополис (САД), кои ја раскажуваат сопствената приказна за тоа како сосема случајно дознале кој е неговиот биолошки татко.
Лиз раскажува како лежела на креветот со кренати нозе чекајќи докторот Доналд Клајн да ја вбризга во неа семената течност од непознат донор, откако претходно нејзниот сопруг добил дијагноза за неплодност и единствен начин за да добијат потомство бил да се обидат со вештачко оплодување.
„За првпат по долго време почувствував надеж“ – раскажува таа и додава дека имала дури 15 неуспешни обиди, пред конечно да остане бремена со синот Метју.
Но, неколку години подоцна, Лиз останала во шок кога ја слушнала приказната на Џекоба Балард, која по направен ДНК тест дознала дека нејзин биолошки татко е лекарот што ја лекувал мајка ѝ од неплодност, Доналд Клајн.
По ова Лиз брзо сфатила дека биолошкиот татко на нејзниот син не е непознат донор, туку самиот лекар што ја лекувал од неплодност.
Прво биле утврдени неколку полубраќа и полусестри зачнати од познатиот доктор, а денес се верува дека лекарот Доналд Клајн во својата кариера станал татко 94 пати.
Денес, Лиз здружена со Јакоба Балард бара измена на законот и смета дека лекарот треба да одговара за криминал.
„Бев силувана 15 пати, а воопшто не знаев за тоа. Проблемот е во тоа што не дадов согласност за тоа. Тој не ми даде избор“ – вели Лиз.
Доналд Клајн во 70-тите и во 80-тите години бил сметан за „најдобриот доктор за неплодност во Индианополис“, а голем број двојки што се бореле за потомство ја барале неговата помош.
Неговата измама била откриена во 2014-та година, но според тамошните закони тој не одговарал затоа што не го прекршил законот.
Во 2017-та година Клајн бил уапсен за попречување на полициската истрага и поминал една година во затвор, а при изрекувањето на казната јавно се извини за болката што ја нанел.
Во 2018-та година му била одземена лиценцата за работа, а тој нема можност повторно да аплицира за да ја врати.
Б. С. Б. | Црнобело