Меган Маркл и Хари објавија фотографија од Лилибет по повод првиот роденден
- Детали
- понеделник, 06 јуни 2022
Меган и Хари конечно ја покажаа Лилибет со фотографија од прославата за нејзиниот прв роденден - со впечатливата коса, малото девојче е копија на принцот.
Меган Маркл и принцот Хари го прославија првиот роденден на ќерката Лилибет со мала приватна забава во Англија. Сега, тие за споделија и фотографија од Лилибет која наводно е направена за време на прославата.
Малото девојче изгледа преслатко со светлосин фустан, а најмногу внимание привлекува нејзината коса што ја наследила од татко ѝ.
Викендов Меган и Хари беа во Англија, а со нив беше и Лилибет која првпат се запозна со членовите на кралското семејство.
Парот ја посети Англија по повод Платинестиот јубилеј на кралицата, но се појавија на само еден настан и го прескокнаа финалето во недела. Всушност, додека траеше парадата, тие веќе биле на пат кон нивниот дом во Америка.
Според извори блиски до парот, Меган и Хари биле пресреќни за бројните честитки што ги добиле за роденденот на Лилибет и се благодарни за многуте донации во разни добротворни организации што биле направени во нејзина чест.
Спирова С. | Црнобело