„Бев на само неколку метри од Меган и Хари на јубилејот на кралицата – каква беше атмосферата?“

„Меган и Хари беа пречекани со овации од публиката, а потоа дознав дека на заминување биле исвиркани“ – раскажува новинарката што имала можност да го следи настанот во катедралта Свети Павле во толпата. Зошто беше однесена одлуката тие да не седат заедно со Вилијам и Кејт?

bev-na-samo-nekolku-metri-od-megan-i-hari-pri-nivnata-poseta-na-katedralata-sveti-pavle-shto-navistina-se-sluchi-video-01.jpg

Првото јавно појавување на принцот Хари и Меган Маркл по 2 години со кралското семејство по повод Платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора донесе измешани емоции кај дел од јавноста.

bev-na-samo-nekolku-metri-od-megan-i-hari-pri-nivnata-poseta-na-katedralata-sveti-pavle-shto-navistina-se-sluchi-video-03.jpg

Авторката Микаила Фриел била меѓу присутните во толпата пред катедралата Свети Павле, каде Меган и Хари беа „исвиркани“ од јавноста.

bev-na-samo-nekolku-metri-od-megan-i-hari-pri-nivnata-poseta-na-katedralata-sveti-pavle-shto-navistina-se-sluchi-video-02.jpg

Микаила во статија за Insider, појаснува што навистина се случувало зад сцената.

„Пристигнав околу час и половина пред да започне службата и стотици луѓе беа собрани пред катедралата. Влезот беше забарикадиран, а обожавателите на кралското семејство стоеја до кордонот, мавтајќи со британски знамиња и постојано ги фотографираа случувањата.

Како што почнаа да пристигнуваат гостите, стана мошне тешко да видите што се случува заради големиот број луѓе што фотографираа со телефоните и фотоапаратите. Имаше голем број новинари што снимаа интервјуа среде толпата.

Кога пристигнаа Меган и Хари успеав да најдам подобро место и да направам кратко видео.“

„Слично како и со другите членови на семејството што присуствуваа на настанот и Хари и Меган беа пречекани со гласен поздрав. (Подоцна дознав дека биле исвиркани на заминување, но тоа не го видов).“ – појаснува таа.

bev-na-samo-nekolku-metri-od-megan-i-hari-pri-nivnata-poseta-na-katedralata-sveti-pavle-shto-navistina-se-sluchi-video-04.jpg

Микаила не можела да присуствува на настанот внатре во катедралата, а слично како и другите новинари се повикува на фотографиите што потоа беа објавени во јавноста. 

Чудниот распоред на седење и големата оддалеченост на Меган и Хари од другите членови на кралското семејство, ја заинтригирала и неа како новинар.

bev-na-samo-nekolku-metri-od-megan-i-hari-pri-nivnata-poseta-na-katedralata-sveti-pavle-shto-navistina-se-sluchi-video-07.jpg

Таа ја консултирала и кралската историчарка Марлен Коениг за тоа на што би можела да се должи одлуката Меган и Хари да седат што е можно подалеку од кралското семејство, а според неа, ваквата распределба на седиштата била намерна:

„Во нормални услови, тие требаше по правило да седат до Вилијам и Кејт. Сметам дека прво овој настан не е за Вилијам и Хари, туку за кралицата... Но, сметам, дека не сакале да ги стават да седат заедно и да бидат приморани да ги кријат сопствените емоции, додека другите околу нив коментираат и гласно шпекулираат за нивниот однос“ - бил одговорот што го добила од историчарката.

bev-na-samo-nekolku-metri-od-megan-i-hari-pri-nivnata-poseta-na-katedralata-sveti-pavle-shto-navistina-se-sluchi-video-08.jpg

Како и да е, мора да се признае дека посетата на принцот Хари не помина незабележано.

bev-na-samo-nekolku-metri-od-megan-i-hari-pri-nivnata-poseta-na-katedralata-sveti-pavle-shto-navistina-se-sluchi-video-06.jpg

Меган е критикувана за силната шминка со темна сенка за очи што е сосема спротивна на кралските протоколи, според кои дамите треба да бидат благо нашминкани.

Нивните фотографии на кои се држат настрана од Вилијам и Кејт и другите членови на семејството беа топ тема, а сè уште не е јасно што е тоа што го променило расположението кај толпата, па наместо со гласен поздрав како при влегувањето да ги испратат Меган и Хари со исвиркување.

bev-na-samo-nekolku-metri-od-megan-i-hari-pri-nivnata-poseta-na-katedralata-sveti-pavle-shto-navistina-se-sluchi-video-10.jpg

Прочитајте и Меган и Хари „исвиркани“ од јавноста на првиот кралски настан по 2 години – Вилијам и Кејт упорно ги избегнуваат (фото+видео)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
„Ќе биде храбра како мене“: Девојче (7) кое го победило ракот со емотивна порака до Кејт Мидлтон „Ќе се избори со болеста исто како и јас“, вели 7-годишно девојче од Англија кое...
Ѝ раскинал преку телефон, 8 години не сакал да ја запроси – Помалку познати детали за врската на Кеј... Откако ѝ раскинал по телефон, Вилијам отишол да слави за својата слобода. Кејт, ...
Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка „Објавија и лажно видео од Кејт? Значи никогаш повеќе нема да ја видиме“, е еден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg