Меган и Хари „исвиркани“ од јавноста на првиот кралски настан по 2 години – Вилијам и Кејт упорно ги избегнуваат (фото+видео)
- Детали
- сабота, 04 јуни 2022
Многумина сметаа дека присуството на Меган и Хари на настаните за Платинестиот јубилеј на кралицата е знак за подобрување на односите со кралското семејство, но покрај тоа што беа исвиркани од јавноста, парот беше потполно игнориран од Вилијам и Кејт.
Иако принцот Хари и Меган Маркл се во Англија и по две години дури се појавија и на кралски настан, по сè изгледа дека уште не се во најдобар однос со членовите на кралското семејство.
На вчерашната служба во катедралата Свети Павле во Лондон меѓу присутните беа и Меган и Хари, но парот не само што седеше на спротивен крај од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, туку не ни погледнаа едни кон други.
Кога влегоа во катедралата, Меган и Хари разговараа со свештените лица, но беа потполно игнорирани од Вилијам и Кејт.
Всушност, Меган и Хари беа целосно одделени од кралското семејство за време на службата. Додека Вилијам и Кејт, заедно со Чарлс и Камила, беа сместени во првите редови од едната страна на катедрала, Меган и Хари беа сместени на другиот крај, и тоа во вториот ред.
Покрај тоа, Меган и Хари не беа пречекани со многу воодушевување – иако од толпата пред лондонската катедрала имаше извици на восхит, парот беше и исвиркан од дел од присутните. Што значи, голем дел од Британците сметаат дека парот не требало да присуствува на кралскиот настан.
На некои видеа навистина се слуша свиркање, но дел од луѓето кои тврдат дека биле во публиката истакнуваат дека повеќето присутни ракоплескале и им давале поддршка на Меган и Хари.
Наводно, поради лошиот пречек од публиката, Меган и Хари одлучиле да прескокнат друг важен настан по службата во Свети Павле.
Според некои извори, односот на Хари и Вилијам сепак е подобрен, но се избегнувале во катедралата бидејќи настаните во овие неколку денови се во чест на кралицата, па не сакале да привлекуваат внимание.
Хари последен пат зборуваше за односот со брат му и татко му во интервју од април годинава, но и тогаш како да ги избегнуваше прашањата за кралското семејство.
На прашањето дали му недостасува семејството, Хари одговори:
„Да, особено изминативе две години. Зарем тебе не ти недостасува семејството?“
Принцот изјави и дека многу би сакал да ги види во живо, како и дека има посебна врска со кралицата.
„Зборуваме за работи кои таа не може да ги дискутира со никој друг“.
Според извор на Page Six, Хари, Меган, Вилијам и Кејт воопшто не планираат да поминуваат време заедно, освен за настаните за Платинестиот јубилеј.
Во меѓувреме, ќерката на Меган и Хари – Лилибет – денес полни една година и според некои извори ќе го прослави роденденот во друштво на кралицата.
Кралицата првпат ја виде нејзината најмлада внука пред некој ден, кога Хари и Меган пристигнаа во Англија. Наводно, сега и принцот Чарлс ќе има можност да ја запознае.
Спирова С. | Црнобело