Меган Маркл издоминира на кралски настан, првпат по 2 години скандали и конфликти со кралицата
- Детали
- петок, 03 јуни 2022
Првпат по две години, Меган Маркл и принцот Хари се појавија на настан со кралското семејство, а претходно конечно ја запознаа ќерка им Лилибет со кралицата Елизабета.
Додека на вчерашната парада Меган Маркл и принцот Хари се криеја во палатата, сега гордо се појавија со другите членови на кралското семејство, вклучувајќи ги и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Помеѓу бројните настани за 70-тата годишнина на тронот на кралицата Елизабета, денес во катедралата Св. Павле се одржа служба на која се појавија принцот Хари и Меган Маркл.
По години заострени односи, ова е првпат Меган и Хари да му се придружат на кралското семејство.
Меган Маркл доминираше со елегантна комбинација од бел фустан, бел шешир и бели штикли. Одлично изгледаше и принцот Хари со сиви панталони и црно сако.
Меган и Хари беа фотографирани како излегуваат од автомобилот и се поздравуваат со свештените лица, но не беа забележани заедно со Вилијам и Кејт.
Според изворите, кралицата не присуствувала на службата бидејќи вчерашниот голем настан бил премногу за неа, па добила совет да одмара.
Претходно, Меган и Хари ја посетија кралицата и конечно ја запознаа со нивната ќерка Лилибет која се роди во јуни минатата година.
Спирова С. | Црнобело