Пензионирана медицинска сестра дипломирала на 84 години – 7 децении откако се запишала на факултет

Бети Сандисон (84) се запишала на факултет пред 67 години, но престанала со студиите за да се посвети на мајчинството и кариерата како медицинска сестра. Но откако се пензионирала, решила конечно да дипломира и годинава ја постигнала својата цел.

penzionirana-medicinska-sestra-diplomirala-na-84-godini-rechisi-7-decenii-otkako-se-zapishala-na-fakultet-01.jpg

84-годишната Бети Сандисон од САД е доказ дека никогаш не е доцна да се посветите на вашите цели и да ги остварите. Бети е доказ и дека никогаш не е доцна за учење.

Пред 67 години, Бети се запишала на Универзитетот во Минесота, со тоа станувајќи првата личност од нејзиното семејство која се запишала на факултет.

penzionirana-medicinska-sestra-diplomirala-na-84-godini-rechisi-7-decenii-otkako-se-zapishala-na-fakultet-02.jpg

По една година, таа добила лиценца за медицинска сестра, но решила да го продолжи образованието на универзитетот за да добие и диплома.

penzionirana-medicinska-sestra-diplomirala-na-84-godini-rechisi-7-decenii-otkako-se-zapishala-na-fakultet-06.jpg

Кога го запознала сопругот, ѝ требале уште 25 кредити за да добие диплома, но наместо да дипломира, решила да се фокусира на кариерата како медицинска сестра.

Покрај тоа, Бети и сопругот добиле две деца, па нејзиниот приоритет било мајчинството.

penzionirana-medicinska-sestra-diplomirala-na-84-godini-rechisi-7-decenii-otkako-se-zapishala-na-fakultet-03.jpg

penzionirana-medicinska-sestra-diplomirala-na-84-godini-rechisi-7-decenii-otkako-se-zapishala-na-fakultet-07.jpg

До 2013 година Бети работела како медицинска сестра, а сите овие години одвреме-навреме помислувала на дипломата која ѝ била на дофат. Неколку години откако се пензионирала, Бети донела одлука конечно да дипломира.

„Излегов на ручек со пријатели и зборувавме за нашите желби и работите што сакавме да ги направиме. Им реков дека отсекогаш сакав да го завршам факултетот. Ми требаа уште околу 25 кредити за да дипломирам“, вели Бети за локален медиум.

Разговорот со пријателите ја мотивирал, па речиси веднаш потоа, во 2018 година, Бети се вратила на факултет.

penzionirana-medicinska-sestra-diplomirala-na-84-godini-rechisi-7-decenii-otkako-se-zapishala-na-fakultet-08.jpg

Сепак, Бети признава дека ѝ било тешко да се навикне – покрај промените во изгледот на факултетот, не можела веднаш да се снајде со технологијата.

„Поради компјутерите речиси ќе се откажев“, вели таа.

Поради пандемијата, предавањата на факултетот почнале да се одржуваат онлајн, а на Бети ѝ било проблематично да го следи овој нов тип на настава. Поради тоа, решила да направи пауза.

penzionirana-medicinska-sestra-diplomirala-na-84-godini-rechisi-7-decenii-otkako-se-zapishala-na-fakultet-05.jpg

Штом на факултет почнале предавања со физичко присуство, Бети повторно продолжила да ги следи и конечно дипломирала во мај годинава.

За мигот кога ја добила дипломата, Бети вели:

„Чувствував чиста радост. Чисто задоволство што ја постигнав мојата цел“.

penzionirana-medicinska-sestra-diplomirala-na-84-godini-rechisi-7-decenii-otkako-se-zapishala-na-fakultet-04.jpg

Бети има и одличен совет за сите кои се двоумат за своите лични цели:

„Мора да го правите она што сакате. Не дозволувајте никој да ве сопре“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg