„Си го пресеков јазикот на половина - за да имам јазик како на гуштер“
- Детали
- вторник, 31 мај 2022
„Го пресеков мојот јазик на половина. По зафатот пиев антивоспалителни лекарства, 4 литри вода на ден, специјално масло и бев една седмица на течности. Потоа следуваше вадење на конците“, вели Лорен Санчез од Шкотска за својот бизарен потег.
Лорен Санчез од Шкотска работи како тату артист и е жена која е вљубена во тоа да прави модификации на своето тело и да има уникатен изглед.
Поголемиот дел од нејзиното тело таа го има претворено во уметничко дело со помош на тетоважи, но најекстремен потег што го направила на себе е делењето на јазикот на половина.
„Го пресеков мојот јазик на половина. Изгледа како екстремен потег, но реално тоа е навистина суптилно и речиси никој не знае за него, ако не кажам јас. Луѓето знаат само ако јас одлучам да им покажам“.
Лорен си го пресекла јазикот на половина за да креира јазик како на гуштер.
„Гледав многу видеа пред да се одлучам да го направам тоа. По зафатот пиев антивоспалителни лекарства, 4 литри вода на ден, специјално масло и бев една седмица на течности. Потоа следуваше вадење на конците“, вели Лорен.
Бизарно и екстремно, зарем не?
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com