Англичанка ја згрози јавноста: „Не се бањам и не си ги мијам забите – живеам сама и личната хигиена не ми е приоритет“
- Детали
- понеделник, 23 мај 2022
Жена од Англија ја зачуди (и згрози) јавноста откако на ТикТок сподели неколку видеа во кои открива дека не се тушира, не користи антиперспирант и не си ги мие забите затоа што смета дека нема потреба од тоа бидејќи живее сама.
Анабел Фенвик Елиот има 35 години и живее во село во Есекс. Поголемиот дел од времето таа е сама бидејќи нејзиниот вереник работел во странство и за себе вели дека е интроверт.
А, бидејќи ретко излегувала со луѓе и генерално била сама, вели дека воопшто не обрнува внимание на личната хигиена. Она што најмногу ги зачуди сите е што жената вели дека е горда што е „грозна девојка“.
Факт е дека никој не треба да ја запостави личната хигиена, без разлика дали живее сам, најмногу поради здравјето. Но, Анабел е убедена дека „постојаното туширање и миење на косата е поттикнато од рекламните кампањи и не е биолошка потреба“.
Иако многумина не би се согласиле со нејзиниот став, Анабел вели дека е горда на ова.
Таа го сподели нејзиниот став на неколку ТикТок видеа кои станаа вирални.
„Бидејќи не сум фан на сапунот, ретко си ја чешлам косата, често заборавам да си ги измијам забите и не се туширам по цела недела.Mожеби ќе помислите дека сум бездомничка, зависничка или ментално нестабилна личност. Но, јас не сум ништо од тоа, туку ова е мој избор.
Јас работам од дома и живеам сама во село во Есекс со куче на кое не му е грижа како изгледам. И да, јас сум мрзлива. Единствено ставам дезодоранс кога одам во продавница. Мојата хигиена е на дното на листата со приоритети“, вели таа.
Анабел, која е писателка и новинарка, вели и дека не очекувала некој да ги изгледа нејзините ТикТок видеа, ниту да почне да се грижи за нејзината лична хигиена.
„Ги правам видеата за да ми стане поудобно пред камера, нешто што морам да го подобрам, бидејќи сум новинар кој некогаш пренесува вести во живо“.
Досега Анабел има споделено неколку видеа на кои зборува за запоставувањето на личната хигиена и убедена е дека нема ништо лошо во тоа, особено откако добила поддршка од некои ТикТок корисници.
„На мое големо изненадување, за помалку од недела добив над половина милион прегледи на видеата во кои зборувам за моите навики на ’одвратна девојка‘.
Уште поизненадувачки е што повеќето коментари се со поддршка. Ова кажува дека мојот начин на живот е понормален отколку што мислев.
Живеам сама и ретко имам интеракција со други луѓе, па затоа не се оптоварувам да се туширам. Баш и не ми се допаѓа чувството – особено во зима – да бидам мокра, да ми студи и да облекувам нова облека.
Тоа што не се бањам секој ден значи и дека не ја менувам облеката секој ден, што е сосема во ред според мене. Не си ја чешлам косата и само ја собирам во пунџа кога ќе ми се заплетка. Не користам дезодоранс или антиперспирант – која е поентата освен ако немам средба со некој? “
Анабел смета дека како животните, и ние не треба да се бањаме често и да го отстрануваме нашиот природен мирис.
„Ние сме единствените суштества кои упорно се обидуваме да го отстраниме нашите природен мирис. Ветеринарите ни велат да не ги бањаме нашите миленичиња многу често бидејќи тоа ја нарушува рамнотежата на нивната кожа и го попречува лачењето на природните масла кои се добри за нивното крзно“.
Анабел вели и дека луѓето почнале да се бањаат редовно дури во поново време, не земајќи предвид дека во периодот кога луѓето ја запоставувале личната хигиена, често се соочувале со секакви болести и зарази.
Сепак, Анабел се бањала кога ќе дојде нејзиниот вереник.
„Кога мојот вереник, кој моментално работи во странство, е дома, си ги мијам забите двапати дневно и трпам житариците да ми имаат вкус на паста. Но штом ќе си замине, престанувам со тоа“.
Спирова С. | Црнобело