„Имам 53 години и ми се додворуваат 25-годишни момчиња, жените сами се виновни што изгледаат старо“ (фото)
- Детали
- петок, 20 мај 2022
„Жените што се жалат дека изгледаат старо, сами се виновни за тоа и треба посериозно да се посветат на вежбање“ – вели 53-годишната бодибилдерка Андреа. Која е тајната за нејзиниот изглед?
Андреа Саншајн (53) од Лондон е бодибилдерка која вели дека жените сами се виновни за тоа што изгледаат старо, а се фали дека постојано има додворувачи што се двојно помлади од неа.
Таа открива дека нејзината фигура се должи на тоа што вежба најмалку 6 пати неделно по 3 часа, а единствено не вежба само во оние денови кога се соочува со повреди или има болки во мускулите од претходните вежби.
Освен активното вежбање, таа мошне внимава и на исхраната, па така за појадок секогаш зема протеински шејк, за ручек јаде јаглехидрати и протеин (тестенини со пилешко месо), а за вечера повторно зема протеини (зеленчук со риба или пилешко месо).
Благодарение на телесната фигура таа вели дека постојано има додворувачи што се двојно помлади од неа, но таа е заинтересирана само за мажи што веќе имаат седи влакна.
„Не можам да лажам, ми годи вниманието од младите момчииња, прави да се чувствувам добро во сопствената кожа“ – вели таа.
Андреа постојано вежба, а вели дека жените сами треба да внимаваат на сопствениот изглед и да работат на тоа да изгледаат здраво и младо.
„Ако жените не се среќни со сопствениот изглед, може да се обвинуваат само себеси за тоа.
Жените што се жалат за тоа дека изгледаат старо сами се виновни за тоа и треба посериозно да се посветат на вежбање.
Сѐ се сведува на тоа каков став имате и каков избор правите. Вежбањето го подобрува животот и на физички и на ментален план“ – вели таа за Daily Star.
https://www.instagram.com/p/CYvElRGO3rk/?utm_source=ig_web_copy_link
Андреа на Инстаграм има 124 илјади следбеници, погледнете во продолжение дел од нејзините фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело