Девојче (14) со церебрална парализа руши стереотипи: Нејзината стенд-ап точка го стопи „суровиот“ Сајмон Кауел (видео)

Полна со харизма 14-годишната Ева Адли од Англија храбро застана на сцената и се обиде да ги сруши сите стереотипи за луѓето со попреченост. Со доза на сарказам таа успеа да ја покаже „смешната“ страна на сопствената здравствена состојба, но истовремено да ја поткрене свеста за тоа како изгледа животот на лицата со попреченост во општеството.

devojche-14-so-cerebralna-paraliza-rushi-sterotipi-nejzinata-stend-ap-tochka-go-stopi-suroviot-sajmon-kauel-video-01.jpg

Со солзи во очите родителите, судиите и публиката се смееја додека ја следеа стенд-ап точката на 14-годишната Ева Абли која боледува од Церебрална парализа, но тоа не ја спречи да настапи на популарното шоу Британија има талент (Britains Got Talent).

devojche-14-so-cerebralna-paraliza-rushi-sterotipi-nejzinata-stend-ap-tochka-go-stopi-suroviot-sajmon-kauel-video-02.jpg

„Би сакала да се извинам ако не можете да разберете што ви зборувам, имам попреченост што се вика Церебрална парализа.

Па ако не можете да ме разберете, погледнете ја мојата точка од дома со превод.

Мојата целосна медицинска дијагноза е Спастична Атаксична Квадриплектична Парализа. Сериозно? Едвај успевам да ѝ поставам прашање на Алекса (гласовен асистент на мобилен телефон), а очекуваат да можам да го изговорам ова?“ – се пошегува таа.

devojche-14-so-cerebralna-paraliza-rushi-sterotipi-nejzinata-stend-ap-tochka-go-stopi-suroviot-sajmon-kauel-video-03.jpg

Нејзината точка вклучуваше делови во кои го прокоментира и односот со соучениците, кои како што рече ѝ се смееле, заради што морала да започне да се образува од дома, а не им остана должна и на оние што се трудат да ја кренат свеста за лицата со попреченост така што тврдат дека овие лица можат да прават сѐ што ќе посакаат.

„Луѓето велат: ‘Можеш да направиш сѐ што ќе посакаш во животот, ништо не може да те сопре’...

Да. Тоа е точно, но до одреден степен. Мислам, дали би сакале некој како мене да ви извршува операција за да ви го спаси животот?“ – праша таа.

devojche-14-so-cerebralna-paraliza-rushi-sterotipi-nejzinata-stend-ap-tochka-go-stopi-suroviot-sajmon-kauel-video-04.jpg

Нејзиниот настап беше поздравен со стоечки овации во публиката, а судиите во шоуто останаа воодушевени. Камерата постојано беше вперена во нејзиниот татко кој со солзи во очите го проследи целиот настап.

„Бестрашна си и луѓето ќе те сакаат“ – ѝ порача суровиот Сајмон Кауел, кој е дел од судиите во шоуто.

devojche-14-so-cerebralna-paraliza-rushi-sterotipi-nejzinata-stend-ap-tochka-go-stopi-suroviot-sajmon-kauel-video-05.jpg

Ева заедно со мајка ѝ Кели гостуваше во британските телевизии каде откри дека заради болеста седум години била жртва на врсничко насилство во училиштето.

„Имаше тешки седум години, но успеа да се крене себеси и да исплива на врвот“ – рече мајка ѝ Кели.

devojche-14-so-cerebralna-paraliza-rushi-sterotipi-nejzinata-stend-ap-tochka-go-stopi-suroviot-sajmon-kauel-video-07.jpg

Ева иако е многу млада, цврсто е решена да ја поткрене свеста за третманот што го добиваат учениците во училишната средина па рече:

„Се надевам дека никој нема да го помине во училиште тоа што јас го поминав.“

Погледнете ја во целост точката на Ева во продолжение:

https://www.youtube.com/watch?v=AR9oUgUdhSk

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg