„Јас сум жена со низок раст – луѓето ме зјапаа кога бев бремена и осудуваа дека ‘дете’ забремнило“
- Детали
- недела, 22 мај 2022
„И знам дека додека јас бев здрава 22-годишна трудница, на луѓето им изгледав како бремено 9-годишно дете, но навистина нема потреба да коментираат без да знаат каква е всушност ситуацијата.“
Линдзи Ештон (22) од Велика Британија е девојка со низок раст која вели дека наместо да ужива во бременоста и сега во мајчинството, таа постојано мора да се соочува со злобни коментари од луѓе кои ѝ велат дека родила иако е уште дете и дека сигурно е најмладата мајка во Велика Британија.
Но, вистината е дека таа останалa толку ниска поради ретка форма на рак на хипофизата со кој се соочила на 5-годишна возраст.
Сега Линдзи има 22 години и е мајка на 10-месечниот син Флин.
Таа вели дека често се случува и на нејзиниот сопруг да му се обратат со зборовите:
„Чудаку, зошто држиш дете за рака“, мислејќи на неа.
Линдзи се изнаслушала и коментари од типот: „Леле, погледни, дали она дете е бремено?“
„И знам дека додека јас бев здрава 22-годишна трудница, на луѓето им изгледав како бремено 9-годишно дете, но навистина нема потреба да коментираат без да знаат каква е всушност ситуацијата.“
С. С. | Црнобело