Majка позираше со танга бикини со синот на неговиот 15-ти роденден и стана мета на онлајн критики
- Детали
- четврток, 19 мај 2022
„Луѓе што ви е? Дали моите синови имаат проблем да ме прегрнат додека сум во бикини? Воопшто? Зошто? Затоа што тоа не е ништо повеќе од само прегрнување на нивната мајка. Ништо повеќе!“, гласи дел од бесната реакција на Софи Гајдолин (33) од Австралија.
Софи Гајдолин (33) од Австралија е бодибилдер, нутриционист, познат фитнес модел, персонален тренер и што уште не.
Ако имате страст за фитнес, тогаш со задоволство ќе го следите нејзиниот Инстаграм профил.
https://www.instagram.com/p/CbIBhX9hVEm/
Сепак, сега таа стана мета на онлајн критики поради фотографијата на која со синот позира во танга бикини и му го честита роденденот.
Во описот на фотографија, која ја објави на 3-ти април, Софи по низата онлајн критики кои ги доби напиша дури и објаснување зошто е во такво издание:
„Среќен 15-ти роденден Кај. Да додадам ние живееме во Австралија, каде носењето бикини за на плажа е сосема нормално и не сметам дека има место за дискусија за оваа фотографија.
Кога Каи се разбуди, јас бев во базен и да, во бикини, како и во поголемиот дел од деновите и сакав веднаш да се фотографирам со него, затоа што тој сакаше да излезе за да го вози неговиот велосипед.
Дали имам проблем да носам бикини пред моите синови? НЕ! Зошто? Затоа што пред нив јас не сум сексуален објект, ниту некогаш ќе бидам. Ако имате проблем, можеби вие треба да подразмислите за начинот на кој секогаш ги сексуализирате женските тела, наместо за вас да бидеме само мајка и син на базен.“
https://www.instagram.com/p/Cb3vGxTP6yu/
Потоа таа на Инстаграм напиша и:
„Порасната сум во семејство во кое приватноста и скромноста се важни, но и каде човечкото тело не е срамно нешто, ниту треба да се крие. И моите деца ме виделе гола, тие разбираат дека јас сум нивна мајка, дека сум човек, дека сум жена.
Сакам тие да НЕ се срамат од тело или да ги сексуализираат жените што носат бикини. Јас намерно ги воспитав на тој начин.
Дали имаат проблем да ме прегрнат додека сум во бикини? Воопшто? Зошто? Затоа што тоа не е ништо повеќе од само прегрнување на нивната мајка. Ништо повеќе.
И да не споменувам дека во истата облека се појавувам и на плажа, јас сум фитнес модел, постојано носам бикини, и на сцена на натрпеварите, додека моите синови се во првиот ред.
Мене ми е лудо што воопшто треба да го објаснувам ова.“
https://www.instagram.com/p/Cb_L8b3vRSq/
https://www.instagram.com/p/CYz4E5Svrom/
https://www.instagram.com/p/CYfzTO5Px_z/
https://www.instagram.com/p/CWebbuNhVHr/
https://www.instagram.com/p/CVM7nShPzg0/
С. С. | Црнобело