Кога желбата е посилна од сѐ – девојка која е глува и слепа студира медицина: „Сакам да бидам педијатар“

Александра од Кардиф има 28 години и иако е потполно глува и речиси целосно слепа, таа е на пат да стане докторка и сонува да биде педијатар или медицинско лице кое ќе се грижи за смртно болни пациенти.

devojka-od-vels-koja-e-gluva-i-slepa-e-na-pat-da-stane-doktorka-mi-se-potsmevaa-za-mojot-son-no-toa-mi-ja-zgolemi-samodoverbata-01.jpg

Александра речиси и да не слуша ништо, а може да гледа само со едното око, но многу малку - препознава бои и некои форми.

И покрај нејзината попреченост, на 16-годишна возраст Александра си ветила дека еден ден ќе стане докторка.

Младата девојка била инспирирана од тимот лекари кои се грижеле за неа додека била во болница цели 18 месеци поради други проблеми со здравјето.

Александра учи медицина и сака да стане педијатар или да се фокусира на палијативна нега, односно нега на лица кои се смртно болни.

devojka-od-vels-koja-e-gluva-i-slepa-e-na-pat-da-stane-doktorka-mi-se-potsmevaa-za-mojot-son-no-toa-mi-ja-zgolemi-samodoverbata-07.jpg

Покрај останатите здравствени проблеми, за време на пандемијата Александра била дијагностицирана со група наследни нарушувања кои имаат влијание врз сврзните ткива.

Поради ова, во екот на пандемијата таа повторно морала да лежи во болница, овојпат 17 месеци, и извесен период ги запоставила студиите. 

Пред да ја добие дијагнозата за нарушувањата, Александра била сериозно исплашена за нејзиниот живот.

„Имав необјасниви симптоми, како слабеење и напади, кои се влошуваа во текот на локдаунот. Се грижев дека ако се заразам со ковид, за мене ќе биде крај“.

devojka-od-vels-koja-e-gluva-i-slepa-e-na-pat-da-stane-doktorka-mi-se-potsmevaa-za-mojot-son-no-toa-mi-ja-zgolemi-samodoverbata-08.jpg

Додека била во болница, Александра имала проблеми со дигестивниот систем и со зглобовите, честопати повраќала и, генерално, чувствувала проблеми со секој дел од телото.

За среќа, таа закрепнала, а нејзиното закрепнување било карактеризирано како „чудо“ од страната лекарите. А, штом излегла од болница, веднаш му се вратила на учењето и ако сè оди по план, Александра треба да дипломира во 2024 година.

Поради нејзината попреченост, Александра многу се потпира на технологијата. На пример, таа користи безжичен стетоскоп со блутут конекција кој се поврзува со нејзиното апаратче за слушање.

Кога треба да види нешто, таа го користи нејзиниот смартфон бидејќи на него може да зумира.

devojka-od-vels-koja-e-gluva-i-slepa-e-na-pat-da-stane-doktorka-mi-se-potsmevaa-za-mojot-son-no-toa-mi-ja-zgolemi-samodoverbata-03.jpg

Иако звучи необично, Александра може да стави и инјекција потпирајќи се само на нејзиното сетило за допир.

„Морав да бидам иновативна и да ја искористам предноста на технологијата. Има многу начини да ја работам оваа работа. Можам да ставам инјекција, можам да земам крв, можам да наместам катетер, можам да дијагностицира осипи…“

devojka-od-vels-koja-e-gluva-i-slepa-e-na-pat-da-stane-doktorka-mi-se-potsmevaa-za-mojot-son-no-toa-mi-ja-zgolemi-samodoverbata-10.jpg

„Целиот живот сум глува и слепа и знам како да се адаптирам. Живеам сама, многу сум независна и постојано си поставувам предизвици. Сакам да видам колку далеку можам да стигнам. Сакам да го дадам најдоброто од себе. Ова е мојот најголем сон и морам да го следам“.

devojka-od-vels-koja-e-gluva-i-slepa-e-na-pat-da-stane-doktorka-mi-se-potsmevaa-za-mojot-son-no-toa-mi-ja-zgolemi-samodoverbata-11.jpg

Кога зборува за својот сон, Александра честопати е прашувана како може да биде лекар кога е глува и речиси целосно слепа.

„Мислам дека многу луѓе кои не работат во областа на медицината не сфаќаат дека кога станува збор за земање крв или ставање систем, многу е поважно да ја почувствувате отколку да ја видите вената. Исто така, важно е да се познава анатомијата, а на факултет многу години се фокусираме на тоа“.

devojka-od-vels-koja-e-gluva-i-slepa-e-na-pat-da-stane-doktorka-mi-se-potsmevaa-za-mojot-son-no-toa-mi-ja-zgolemi-samodoverbata-06.jpg

Александра истакнува дека иако видот на двете очи ѝ е речиси целосно оштетен, сепак може да разликува бои.

„Во некои ситуации можеби ќе треба да погледнам нешто од поблиску. Ваквите ситници навистина помагаат многу. Исто така, би требало да знаете дека јас го минувам истиот тренинг како и сите медицински лица со цел да се утврди дека навистина можам да направам нешто“.

devojka-od-vels-koja-e-gluva-i-slepa-e-na-pat-da-stane-doktorka-mi-se-potsmevaa-za-mojot-son-no-toa-mi-ja-zgolemi-samodoverbata-05.jpg

Александра е свесна дека веројатно не би можела да стане хирург, но смета дека може да работи како општ лекар, и покрај тоа што редовно се соочува со критики.

„Секој ден слушам луѓе кои ми велат дека не можам да бидам докторка. Штом некој ќе слушне дека сум глува и слепа, смета дека не зборувам и дека не сум независна.

Сето ова е бидејќи луѓето имаат погрешна перцепција за тоа што значи да се биде глув и слеп. Кога им кажував на луѓето дека сакам да станам докторка, ме исмејуваа.

Но, токму ова ме направи посилна и ме натера повеќе да верувам во мене“.

devojka-od-vels-koja-e-gluva-i-slepa-e-na-pat-da-stane-doktorka-mi-se-potsmevaa-za-mojot-son-no-toa-mi-ja-zgolemi-samodoverbata-04.jpg

„Сонот да станам докторка повеќе не е само мој. Го правам ова и за многуте други луѓе со попреченост како мене. Сакам да им бидам пример“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg