Германка со бизарна зависност: „Потрошив 28.000 евра за да личам на Барби“
- Детали
- недела, 22 мај 2022
„Пораснав во село во Германија и отсекогаш сакав да носам шминка и да бидам поженствена. На моите родители не им се допаѓаше тоа. Кога се преселив во поголем град, со помош на заштедата која ми ја дадоа родителите ставив импланти во градите...“
Џеси Бани пораснала во рурално место во Германија и таа сакала да се шминка и да ја изразува својата женствена страна, но родителите не ѝ дозволувале.
Па, така таа се преселила во Виена, Австрија и таму почнала да гради сосема поинаков имиџ.
Досега има потрошено повеќе од 28.000 eвра за да се претвори во реална Барби со екстремно големи усни, гради и задник. Има корекции и на брадата и образите.
Уште на 18 години таа побарала од родителите нејзината заштеда да ја потроши на операција за зголемување на градите.
„Пораснав во село во Германија и отсекогаш сакав да носам шминка и да бидам поженствена. На моите родители не им се допаѓаше тоа. Кога се преселив во поголем град, со помош на заштедата која ми ја дадоа родителите ставив импланти во градите и навистина ми се допадна како светот реагираше на нив. Станав многу посамоуверена.
Потоа во август 2020-та направив уште едно зголемување на градите. Па на усните, па ботокс и што уште не.“
Џеси оттогаш ја негува бизарната зависност од пластични операции и не сопира.
Екстремно, зарем не?
Како изгледа Џеси сега:
С. С. | Црнобело