Американка остро критикувана поради лажните тетоважи што му ги става на 1-годишниот син

Шамекија од САД има многу тетоважи, а својата љубов кон оваа уметност очигледно сака да ја пренесе и на нејзиниот син. Сепак, тоа што му става лажни тетоважи на 1-годишна возраст не наиде на одобрување од нејзините Инстаграм следбеници.

amerikanka-ostro-kritikuvana-poradi-lazhnite-tetovazhi-shto-mu-gi-stava-na-1-godishniot-sin-mi-velat-deka-kje-stanel-gangster-foto-01.jpg

Додека бевме мали сите сакавме да си лепиме „тетоважи“ од гуми за џвакање, односно тетоважи што лесно се отстрануваа со едно миење.

Но, ова го правевме на возраст на која колку-толку разбиравме што се случува, а и факт е дека неретко нашите родители не го оправдуваа.

Поради ова, 29-годишна мајка од Флорида е остро критикувана од јавноста бидејќи му става привремени тетоважи на нејзиното синче кое има само една година.

Шамекија Морис, која самата е прекриена со голем број тетоважи, неколкупати има споделено фотографии од нејзиното дете, на кои целото неговото тело е прекриено со „лажни“ тетоважи. И покрај тоа што тетоважите не се трајни, јавноста ја критикува за постапката и ја нарекува „лоша мајка“.

„Добивам многу критики. Луѓето ми велат дека го воспитувам син ми како ’гангстер‘ или ’криминалец‘. Кога бев во осмиот месец од бременоста, направив фотосесија во студио за тетовирање. И тогаш добив многу лоши коментари – луѓето ми велеа дека детето ќе ми се роди со тетоважи и дека ќе добиело труење на кожата. Беше лудо“.

View this post on Instagram

A post shared by Treylin Armani 👶🏼🔥💉 (@nuggetworld561)

Шамекија редовно го дотерува син ѝ во интересни модни комбинации и сака да го претвори во модна икона. И, додека добива многу позитивни коментари за комбинациите, многумина сепак негодуваат за лажните тетоважи.

Повеќето се поради стереотипите поврзани со тетоважите. Но, додека некои немаат лошо мислење за тетоважите, не се сигурни дали е безбедно за здравјето на малото момче често да има лажни тетоважи на кожата.

Шамекија нема проговорено за тоа колку се безбедни овие тетоважи, но вели дека повеќе не ѝ е грижа за негативните коментари.

„За оние кои ме осудуваат – не ми е грижа бидејќи ова е начин на живот и ние уживаме во него“.

Наводно, младата мајка има поддршка и од нејзиното семејство.

„На почетокот многу се противев на идејата на Шамекија. Не сакав да му става тетоважи на внукот. Но, сега не ми претставува проблем бидејќи видов дека може да биде позитивно“, вели нејзината сестра.

Што мислите вие – дали Шамекија претерува или сепак нема ништо лошо во лажни тетоважи на мало дете?

Повеќе фотки од Шамекија и синчето на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg