Дечко е мета на критики откако ја запросил девојка му на погребот на татко ѝ – бизарно или емотивно? (видео)

„Како да се радуваш кога си во толку голема болка?“ - Маж од Јужна Африка е критикуван за тоа што ја побарал за жена партнерката пред ковчегот на нејзиниот татко, за време на погребот, додека некои го оправдуваат што сакал да го направи тоа пред нејзиниот починат татко. 

dechko-e-meta-na-kritiki-otkako-ja-zaprosil-devojka-mu-na-pogrebot-na-tatko-i-bizarno-ili-emotivno-video-01.jpg

На социјалните мрежи вирално кружи видео од бизарно запросување, кое предизвика низа коментари од луѓето ширум светот.

Корисник на ТикТок објави видео на кое ја запросува својата расплакана партнерка за време на погребна церемонија на нејзиниот татко.

Повеќето се сложуваат дека е погрешна одлука тоа што дечкото го искористил за себе моментот кога девојката жали за починатиот татко и приредил непријатна сцена пред останатите, додека пак други сметаат дека случката е емотивна.

dechko-e-meta-na-kritiki-otkako-ja-zaprosil-devojka-mu-na-pogrebot-na-tatko-i-bizarno-ili-emotivno-video-02.png

Според DailyMail, непотврдени извори тврдат дека наводно дечкото бил свештено лице и ја водел церемонијата за погребување, а се претпоставува дека сакал да ја побара нејзината рака за да ѝ ја ублажи болката и скршеното срце.

Дел од коментарите на видеото гласат:

„Никогаш не треба да се искористуваат емоциите на девојката, не размислувала трезвено“.

„Непочитување на највисоко ниво“.

„Требало да почека да помине погребот, како да се радуваш кога си во толку голема болка?“

„Ова овде е погрешно“.

„Луѓе, дечкото сакал да го направи тоа пред нејзиниот починат родител... нема ништо лошо. Ако сте духовни ќе го разберевте ова“.

„Можеби неговата желба била да ја запроси додека нејзините родители биле уште живи, но...“

https://www.youtube.com/watch?v=sb8vg1euA_M&t=30s

Непознато е каков одговор дала девојката и што се случило потоа, но на видеото се гледа дека таа го задржува прстенот.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg