Позитива на денот: Детенце не може да се воздржи од среќа кога ја здогледува мајка му во венчаница (видео)
- Детали
- четврток, 12 мај 2022
Ако денес ви треба доза позитива, тогаш реакцијата на 3-годишниот Пирсон кога ја здогледува мајка му во венчаница на нејзината свадба сигурно ќе ви измами насмевка на лицето, а можеби и некоја солза.
Кристи и Боби Махелич од САД стапиле во брак во април годинава, но најголемата ѕвезда на нивната свадба дефинитивно било нивното синче.
Малиот Пирсон, кој неодамна го прославил третиот роденден, ја освои јавноста со неговата преслатка реакција кога ја здогледува мајка му во нејзината венчаница.
Мајка му Кристи споделила и видео од слаткиот момент кое досега има над 11.000 лајкови.
На видеото се гледа малиот Пирсон кој стои покрај олтарот и заедно со гостите чека да се појави мајка му.
Најпрво малото момче е збунето, но штом ја здогледува мајка му, се насмевнува и почнува да трча кон неа. Потоа ја фаќа за рака, па заедно со таткото на Кристи ја носи до олтарот.
„Тоа беше најслаткиот момент. Мислев дека само ќе стои таму и ќе ме чека, но не – истрча кон мене! Беше толку среќен што не можеше да се воздржи. Само истрча кон мене и искрено сум немала посладок момент во животот“, вели Кристи за ABC News.
Таа вели дека откако го објавила видеото, не престанала да добива позитивни коментари и пораки, дури и од луѓе кои воопшто не ги познава.
„Колку повеќе се споделува видеото, толку посреќна сум бидејќи сега навистина ни треба повеќе позитива во животот“.
https://www.instagram.com/p/CcxvWiSrXs7/
Спирова С. | Црнобело