Жена го променила полот во машки, но се премислила – сега пак станува жена
- Детали
- вторник, 10 мај 2022
Алиа од Мичиген е родена како жена, но на 18 години сфатила дека сака да стане маж и почнала процес на транзиција, но потоа сфатила дека не сака да биде маж, па повторно почнала процес за транзиција во жена. Збунувачки, зарем не?
Алиа Исмаили (27) од Мичиген на 18 години имала чувство дека не ѝ е комфорно во нејзиното тело и почнала процес за транзиција во маж.
Целиот процес траел 6 години, а таа дури направила и масектомија на градите, но сега повторно го менува полот, затоа што сфатила дека идентитетот како маж не ѝ одговара и не ја преставува неа.
Алиа од 18-годишна возраст почнала да пие хормони, да се облекува како машко, а медицинската транзиција ја направила на 20 години, па го променила и името и во 2015-та станала Иса.
Сега, вели дека не жали за одлуката за операција и за земањето хормони.
„Тоа беше клучен период од мојот живот кога се откривав себеси и тоа направи да станам личноста која што сум денес. Моето семејство беше неутрално, тие знаеја дека сум доволна силна да го изодам овој пат повторно.
Престанав да земам машки хормони и направив ласерска депилација на влакната. Засега нема да правам други потези, но знам дека работите може да се променат во иднина.
Многу луѓе не ме разбираат, но не смеам да дозволам тоа да ме порази.“
Алиа открива дека на тестостерон била 7 години и дека сега не го зема овој машки хормон, но на нејзиното тело му е потребно време за да се навикне.
С. С. | Црнобело