Ешли Греам искрена за доењето близнаци: „Многу солзи пролеав додека да научам како да ги хранам истовремено“
- Детали
- понеделник, 09 мај 2022
„Ми требаа повеќе недели и пролеав многу солзи додека да научам како да ги дојам истовремено“ – открива плус сајз моделот Ешли Греам, која гордо објавува фотографии од интимни, мајчински моменти со своите две малечки дечиња.
Најпознатиот плус-сајз модел Ешли Греам (34) во јануари годинава стана мајка на близнаци, а освен што редовно споделува фотографии од тоа како се променило нејзиното тело по бременоста, таа сподели и како изгледа доењето на две бебиња истовремено.
На фотката на која стои наведната над двата сина Малакај и Роман и ги дои истовремено, таа напиша: „Двојно продирање (видете ги ужасните линии од сончање)“.
Освен тоа, Ешли на Инстаграм Стори сподели и фотографија од нејзината нова „нормална позиција“.
На фотографијата се гледа дека таа е во седечка позиција, а нејзините два сина истовремено цицаат, потпрени на перница за доење, а откри дека иако веќе има мајчинско искуство, сепак сега се соочила со предизвици додека да научи како да ги храни двете деца истовремено.
„Ова е мојата нормална позиција за редовно хранење на момчињата во тандем. Поминаа повеќе неуспешни обиди и пролеав многу солзи додека ми успеа да ги дојам истовремено.
Мојата бабица која исто така е консултант за доење беше многу љубезна и нежна и ни помогна нам тројца за да научиме како да го правиме ова заедно“ – напиша таа до фотографијата.
Инаку, Ешли со сопругот Џастин Ирвин во јануари 2020-та година го доби синот Ајзак Менелик Џовани, а втората бременост со близнаците во целост ја документираше на Инстаграм.
Таа неодамна сподели и фотографии од големиот број стрии што ги добила по втората бременост.
https://www.instagram.com/p/CcwBwkkLXsy/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело