Принцезата Шарлот е копија на тато Вилијам на фотките за 7-от роденден, со нејзиното куче
- Детали
- понеделник, 02 мај 2022
Ќерката на Кејт и Вилијам порасна во прекрасно девојче кое неверојатно личи на нејзиниот татко и баба Елизабета – за 7-от роденден ѝ позира на мама Кејт со своето куче и без едно запче, облечена во Ralph Lauren џемперче.
Кралското семејство ги објави официјалните портрети од принцезата Шарлот по повод нејзиниот 7-ми роденден.
Облечена во сино Ralph Lauren џемперче и кошула, сега веќе 7-годишното девојче позира во цветно поле, сама, но и заедно со нејзиното куче, а фотографиите се дело на мама Кејт.
Кучето е подарок од братот на Кејт, а го добиле кратко пред смртта на нивниот шпаниел Лупо во 2020-та.
Фановите на кралското семејство се восхитени од сличноста на Шарлот и нејзиниот татко Вилијам и ја нарекуваат негова мала копија.
М. М. | Црнобело