Пар се венчал во авион бидејќи им задоцнил летот до Лас Вегас – украсиле со тоалетна хартија, јаделе крофна наместо торта (фото)

Пем и Џереми сакале да се венчаат во Лас Вегас, но кога сфатиле дека нема да стигнат навреме, решиле да го направат тоа за време на нивниот лет бидејќи со нив имало и свештеник. А, патниците и стјуардесите ја дале целата своја поддршка и навистина се потрудиле за да им ја организираат најуникатната венчавка.

par-se-venchal-vo-avion-otkako-im-zadocnil-letot-do-las-vegas-ukrasile-so-toaletna-jadele-krofna-namesto-torta-foto-01.jpg

Американската авиокомпанија Southwest Airlines сподели приказна за необична венчавка на еден од нивните летови до Лас Вегас.

Станува збор за пар кој сакал да се венча во Лас Вегас, но поради промени во плановите, во последен момент одлучиле да се венчаат во авионот.

par-se-venchal-vo-avion-otkako-im-zadocnil-letot-do-las-vegas-ukrasile-so-toaletna-jadele-krofna-namesto-torta-foto-05.jpg

Парот требало да лета од Оклахома до Далас, а потоа од Далас до Лас Вегас. Тие планирале како што ќе стигнат во Лас Вегас, веднаш да отидат во капела, па Пем носела венчаница, а Џереми костум. Но, летот до Лас Вегас бил откажан.

„Го чекавме следниот авион кога почнаа да откажуваат и преместуваат летови поради лошите временски услови. Бевме под многу стрес бидејќи имавме закажано термин во капелата“, открива Пем за ABC News.

par-se-venchal-vo-avion-otkako-im-zadocnil-letot-do-las-vegas-ukrasile-so-toaletna-jadele-krofna-namesto-torta-foto-06.jpg

Додека тие разговарале за нивната лоша среќа, еден маж, Крис Мичам, случајно ги слушнал што зборуваат. Тој им кажал дека има друг лет до Лас Вегас кој тргнува подоцна.

Исто така, бидејќи Крис бил свештеник, им понудил тој да ги венча ако не успеат да стигнат навреме.

par-se-venchal-vo-avion-otkako-im-zadocnil-letot-do-las-vegas-ukrasile-so-toaletna-jadele-krofna-namesto-torta-foto-03.jpg

Кога влегле во авионот пилотот ги прашал дали планираат да се венчаат во Лас Вегас.

„Му реков дека ќе се обидеме, но ако не стигнеме мислам дека ќе се венчаме овде, на овој авион. Ме праша дали сум сериозна, и кога му реков дека сум, ми рече дека може да се изведе тоа“, открива Пем.

par-se-venchal-vo-avion-otkako-im-zadocnil-letot-do-las-vegas-ukrasile-so-toaletna-jadele-krofna-namesto-torta-foto-04.jpg

Бидејќи станало јасно дека парот нема да стигне навреме, тие, но и сите патници почнале да се подготвуваат за венчавката.

„Само што авионот се искачи на потребната височина, луѓето почна да се движат. Стјуардесите веднаш се фатија за работа – почнаа да украсуваат со тоалетна хартија“, вели Пем.

par-se-venchal-vo-avion-otkako-im-zadocnil-letot-do-las-vegas-ukrasile-so-toaletna-jadele-krofna-namesto-torta-foto-02.jpg

Гостите, односно патниците, ги понудиле и нивните таленти – еден маж имал камера и го снимал целиот настан, а една жена била фотографка, па правела фотографии.

Некој маж пак, имал крофна и понудил тоа да биде тортата што ќе си ја поделат младенците. Истовремено, сите се потпишале во тетратка посакувајќи им го најдоброто на младоженците.

„Сите се потпишаа и оставија слатка порака, а го напишаа и бројот на нивното седиште“, вели Пем.

par-se-venchal-vo-avion-otkako-im-zadocnil-letot-do-las-vegas-ukrasile-so-toaletna-jadele-krofna-namesto-torta-foto-08.jpg

Една стјуардеса ја презела улогата на деверица и стоела до Пем за време на церемонијата. Откако Пем и Џереми биле венчани, стјуардесите им дале и бесплатни пијачки на патниците.

„Мислам дека сите патници претходно имаа откажани летови, па сите беа под стрес. Но, сите беа прекрасни и на крај ни рекоа дека целото искуство било прекрасно. А, ние навистина се надеваме дека им го разубавивме денот“, вели Пем.

par-se-venchal-vo-avion-otkako-im-zadocnil-letot-do-las-vegas-ukrasile-so-toaletna-jadele-krofna-namesto-torta-foto-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg