Жена со исповед: „Бев на операција во Турција за да ослабам и да си го спасам бракот“
- Детали
- недела, 01 мај 2022
„Верувам дека не е важен изгледот ако си среќен, но јас не бев среќна“ - раскажува Гема Велш која по бројните обиди да ослаби по природен пат, се одлучила да оди на операција на желудникот за да си го спаси бракот.
Гема Велш (31) од Англија, имала околу 100 килограми и не можела ниту да поднесе сопругот Пол Велш да ја гледа таква.
Вели дека во целост ја загубила самодовербата и парот по 12 години заеднички живот одлучил да се раздели на една година и да ја продадат куќата.
Во 2015-та година на Гема ѝ бил дијагностициран меланом од трет степен од бемка на лицето. Бемката била отстранета, но поради стероидниот крем што го ставала за да ја намали лузната почнала нагло да се дебелее.
„Во тој период го допрев дното. Не сакав да гледам фотографии од себеси, бракот ми се распадна, затоа што не можев самата да се погледнам, а не сакав ниту сопругот да ме гледа. Пол ме сакаше таква каква што сум, но јас не се сакав себеси. Верувам дека не е важен изгледот ако си среќен, но јас не бев среќна“ – раскажува таа.
Гема прво се обидела да ги намали килограмите со диети, но развила мошне лош однос со храната.
„Јадев прекумерно, па потоа повраќав, па се изгладнував. Се обидов со голем број диети, но не успеав да ослабам. Затоа одлучив да заминам во Турција на операција“ – вели таа.
Гема потрошила околу 4.000 евра за операција со која ѝ биле отстранети околу 70 до 80 проценти од желудникот.
„Во моментов имам 60 килограми и никогаш не сум се чувствувала подобро. Сепак, не ја направив процедурата заради бројот на вагата, само сакав да се чувствувам удобно и да можам да облечам што ќе посакам. Добив нов живот и многу сум самоуверена“ – вели таа.
Инаку, откако една година биле разделени, Гема и Пол одлучиле повторно да ја обноват љубовта. Според неа, во таа една година, успеала во целост да се посвети на себеси и сега се посреќни од кога било.
„Многу сум среќна што повторно сме заедно. Имам самодоверба да одам во продавница и да ја купам облеката што ми се допаѓа. Можам да носам парчиња во кои порано само можев да сонувам дека некогаш ќе влезам. Многу сум среќна со моето ново тело. Промената е неверојатна“ – вели таа.
Гема на својот Инстаграм профил редовно објавува фотографии, погледнете дел од нив:
Б. С. Б. | Црнобело