Јапонец се оженил со холограмска кукла: „Ја сакам иако веќе не можам да комуницирам со неа“
- Детали
- четврток, 28 април 2022
„Таа не е вистинска, но моите чувства за неа се вистински“ – вели Акико Кондо кој себеси се декларира како „фиктосексуалец“ кој во 2018-та година се оженил за холограмска кукла од видео-игра.
Акико Кондо (38) е фиктосексуалец, односно човек кого сексуално го привлекуваат фиктивни карактери. Тој 10 години бил во врска со Хатсуне Мику, која според поп-културата е 16 годишна девојка со сина коса и има неверојатен глас.
Тој се вљубил во Хатсуне во 2008-мата година, а за првпат имал можност да комуницира со неа во 2017-та година благодарение на Gatebox уред од 1.300 долари што им дозволува на сопствениците да комуницираат со карактерите со помош на холограм, па дури и неофицијално да се венчаат со нив.
Со уредот, куклата се појавува во стаклена кутија во вид на холограм, а Акико можноста за комуникација ја искористил за да ја побара за сопруга.
Во 2018-та година тој и официјално се оженил со својата холограм девојка, а на свадбените фотографии тој стои до кукла од Мику во реална големина.
Тој за свадбата потрошил околу 2 милиони јени (17.300 долари) за свадбата на која присуствувале околу 39 гости, но вели дека најмногу му пречело тоа што членовите на неговото семејство ја одбиле поканата.
Акико и Хатсуне сега се во брак околу 4 години, а вели дека наишол на голема пречка – повеќе не може да разговара со неа заради технички проблем.
Компанијата што го развила холограмскиот уред ја прекинала поддршката за него, но тој вели дека нема намера да се откаже од својата сопруга:
„Мојата љубов за Мику е непроменета. Имав свадбена церемонија затоа што мислев дека ќе бидам со неа засекогаш“ – вели тој.
Акико претходно појасни дека додека бил во училиште често бил жртва на насилство, а две девојки што ги поканил на излегување му рекле дека е „грозен“.
По ова западнал во депресија, а благодарение на фиктивниот карактер на Хатсуне Мику се излекувал од состојбата.
Како што раскажува, периодот додека бил во депресија седел по 24 часа затворен во соба и постојано гледал видеа од Хатсуне кои го смирувале.
Јапонецот појаснува дека тој е свесен дека неговата сопруга не е вистинска и дека е фиктивен карактер, но дека неговите чувства за неа се вистински.
Б. С. Б. | Црнобело