Докторка дала отказ за да патува низ светот со дечко што го запознала на Тиндер - сега и нивното синче патува со нив
- Детали
- петок, 29 април 2022
Се запознале во 2017 година, а сега имаат и 3-годишно синче, кое го носат на патувања со себе од само 2-неделна возраст – се нарекуваат семејство номади и велат дека го живеат животот од соништата.
Џена Кар (33) од Велика Британија е докторка која одлучила да стави крај на својата кариера во медицината за да патува низ светот со дечко кој го запознала на Тиндер, додека била на одмор во Португалија, неговата родна земја.
Станува збор за Португалецот Жоао Пајас, а судбоносната средба била во 2017 година.
Двајцата имале огромна страст за патувања, па откако се запознале заедно биле на патувања во Грција, Кипар, Франција, Швајцарија, САД, Филипини, Малезија и Индонезија.
Сега заработуваат онлајн, а веќе имаат и детенце, кое велат дека дошло непланирано. Малиот Лео сега има три години, а го носат на патувања од само 2-неделна возраст, без разлика на критиките на околината.
„Не мора да водиме здодевен живот за да можеме да обезбедиме финансии за нашето дете, успеваме во тоа со работењето онлајн и живееме номадски – токму така како што сакаме“, вели Џена.
Фотографии од нивните патувања:
С. С. | Црнобело