Девојка (23) и нејзиниот партнер (63) ја разбрануваа јавноста: „Ме разгалува со скапи подароци, сите мислат дека го користам за пари“
- Детали
- понеделник, 02 мај 2022
Вилоу (23) и нејзиниот партнер (63) се соочуваат со многу критики поради нивната врска, а многумина сметаат дека девојката го користи за неговите пари. Но, таа тврди дека тоа не е точно бидејќи имале многу заеднички интереси како одење на забави и јадење во скапи ресторани...
Вилоу Сиас е модел, а неодамна се најде на мета на критики поради нејзиниот партнер кој е 40 години постар од неа. Вилоу има 23 години, а е во врска со Дејвид Симонини кој има 63 години.
Парот почна да привлекува внимание со заедничките видеа на ТикТок, а многумина ја критикуваат Вилоу дека е со него само поради неговите пари.
Иако Вилоу упорно го негира ова, таа редовно се фали со скапите подароци што ги добива од Дејвид. На пример, само неколку денови по нивниот прв состанок, Дејвид ѝ купил Мерцедес од 175.000 долари.
Вилоу, пак, вели дека не ѝ се важни парите, туку стабилноста и безбедноста што ги чувствува кога е со Дејвид. Парот се запознал на Тиндер, а младата девојка вели дека веднаш се вљубила штом го видела во живо.
„Дејвид го исполнува секое негово ветување. Се грижи за мене и сака да ми биде удобно – тоа е многу важно за мене. Потребни ми се стабилноста и безбедноста што ми ги нуди“.
Но, контрадикторно на нејзиното тврдење, младата девојка вели дека имаат многу заеднички интереси со Дејвид - јадење во скапи ресторани и одење на луксузни забави.
Вилоу е мета на критики бидејќи ова не е нејзината прва врска со многу постар маж – претходно се гледала со 42-годишен богаташ, а потоа и со 37-годишен.
„Имав други врски со постари мажи. Еднаш бев во врска со 42-годишен маж и тоа траеше околу две години. Но, по некое време се исплашив и го оставив. Сега ми е мило што го направив тоа бидејќи немаше да бидам со Дејвид“, вели Вилоу.
Вилоу вели дека раскинала со 37-годишниот маж бидејќи ѝ ветувал дека ќе ѝ купува работи, но никогаш не го исполнувал ветеното.
„Претходната врска почна слично како оваа со Дејвид, но бившиот никогаш не го правеше она што ми го ветуваше“.
Наводно, парот размислувал и за деца, а Вилоу имала поддршка од семејството.
„Моите родители се среќни бидејќи Дејвид ме прави среќна и е многу добар со мене. Ми има купено Мерцедес – навистина ме разгалува. Моите пријатели го сакаат, но некои од нив сепак мислат дека го користам за парите“.
На нивните видеа редовно има и шеги за нивната возрасна возраст, со кои корисниците истакнуваат дека повеќе личат на татко и ќерка отколку на пар.
„Сигурно не е со него бидејќи е многу убав“.
„Помислив дека се татко и ќерка“.
„Прекрасно е кога татковците и ќерките имаат добар однос“.
Вилоу има Инстаграм профил со над 100.000 следбеници, но и покрај тоа што вели дека вистински го сака Дејвид, од него нема ниту една фотка.