Кејт Мидлтон во стар фустан со семејството на велигденска служба, додека Хари и Меган сами го поминаа празникот во Холандија (фото)
- Детали
- понеделник, 18 април 2022
Кејт Мидлтон беше координатор на црковната служба по повод католичкиот Велигден, а за настанот одбрала фустан што го носеше уште во 2017-та. Во меѓувреме, Меган и Хари се во Холандија каде што сами го прославија празникот.
На 17 април католиците го прославија Велигден, а годинава Кејт Мидлтон беше задолжена за координирање на службата во капелата во замокот Виндзор.
На настанот 40-годишната војвотка уште еднаш ја покажа својата скромност и се појави со фустан што го носеше пред неколку години.
Кејт изгледаше одлично во светлосин фустан со долги ракави, во комбинација со сини чевли и сино венче.
Кејт првпат се појави со истиот фустан во Луксембург во 2017 година.
Покрај неа беа принцот Вилијам и нивните деца – принцезата Шарлот и принцот Џорџ. Најмалото дете, 3-годишниот Луи, не беше присутен на настанот.
Малиот принц Џорџ изгледаше како копија на татко му Вилијам со костум и вратоврска, а младата принцеза носеше фустанче со цветен дезен и џемпер.
На службата присуствуваа многу други членови од кралското семејство, но не и кралицата.
Елизабета, која наскоро ќе го прослави 96-тиот роденден, периодов не оди на настани, туку се вклучува онлајн.
Минатиот месец таа имаше и ковид и наводно добила препорака од лекарите да ги избегнува големите настани.
Истовремено, кралицата имала и проблеми со одењето кои дополнително ѝ го отежнуваат појавувањето на ваквите настани.
Во меѓувреме, принцот Хари и Меган се во Холандија, а пред да се упатат кон Хаг, наводно ја посетиле кралицата. Но, не се познати детали од нивната средба, иако се шпекулира дека принцот Чарлс одвоил едвај 15 минути за средбата со нив.
Ова е првпат Меган и Хари да се појават во Европа откако си заминаа од кралското семејство пред околу две години.
Прочитајте повеќе: Како Меган Маркл ја одбележа годишнината од првото јавно појавување со Хари + Љубезен гест кон мајка на новороденче (фото+видео)
Спирова С. | Црнобело