Бизарните миленици на жена од САД – чува 50 стаорци, ги бања во кујнскиот мијалник: „Луѓето го менуваат мислењето кога ќе ги запознаат“
- Детали
- среда, 27 април 2022
Мишел Рејбон чува дури 50 стаорци и вели дека спротивно на верувањата на многумина, тие се прекрасни миленици и сите си имаат посебен карактер. Покрај стаорците, Мишел чува и три мачки, четири кучиња и три прасиња.
Додека повеќето ги гледаат стаорците како штетници, 51-годишната Мишел Рејбон од Калифорнија смета дека се прекрасни суштества, па дури и ги чува како миленици.
Мишел чува 50 стаорци, а стана хит на интернет благодарение на видео во кое покажува како ги бања – во мијалникот во кујната.
Таа првпат почнала да чува стаорци во 2018 година и вели дека оттогаш постојано додава нови членови на „семејството“.
„Сите си имаат свој карактер и некои навистина се истакнуваат над другите. Дружељубиви се и секогаш трчаат накај мене кога е време за хранење“.
Мишел, која е во пензија, прво ги одгледувала стаорците за да ги продава, но потоа решила таа да се грижи за сите нив.
„Првите ги зедов од одгледувач на стаорци во Тексас, а кога се преселив во Калифорнија сфатив дека тука нема одгледувачи. Па, почнав да ги размножувам за да можам да ги продавам на други луѓе кои сакаат стаорци. Со текот на времето престанав да ги продавам и почнав да ги чувам како миленици, па затоа имам толку многу“.
Уште почудно е што Мишел има и три мачки кои одлично се согласуваат со стаорците. Покрај мачката, таа чува и четири кучиња и две прасиња.
„Прасињата имаат живеалиште во дворот, а мачките и кучињата ги хранам заедно, па не ми е некоја голем обврска. Многу сакам животни – сакав да бидам ветеринар, но никогаш немав можност за тоа.
Не сметам дека ова е опсесија – само многу сакам животни и честопати ги спасувам, се грижам за нив и ги носам на ветеринар“.
Всушност, Мишел целиот живот се грижела за животни.
„Порано имав две овци, две кози, 25 кокошки и 15 патки. Бев дел од армијата на САД и останав инвалид, па не можев сама да се грижам за нив и морав да ги дадам. Имам спасувано и многу мачки – им наоѓав нови домови“.
Мишел признава дека луѓето неретко се шокирани кога ќе дојдат кај неа и ќе ги видат многуте стаорци. Но, вели дека повеќето си го менуваат мислењето за овие животни штом ќе поминат малку време со нив.
„Некои луѓе сметаат дека стаорците се валкани и полни со болести. Но, сите мои стаорци се однесуваат добро и кога ќе ги покажам на некоја личност, најчесто ѝ се менува мислењето.
Сепак, некои луѓе не можат да ја надминат стигмата. Од друга страна, поради мене многу луѓе посакале и тие да чуваат стаорци“.
Спирова С. | Црнобело