Приказната за Американка која сопругот ја полеа со бензин и ја запали – како изгледа денес, по 13 години? (фото)
- Детали
- петок, 08 април 2022
„Тој успеа да ми ја земе само надворешната убавина, денес кога ќе се погледнам во огледалото гледам самоуверена жена“ – вели Одри Мабреј, Американката која беше брутално нападната од нејзиниот сопруг во 2009-та година.
Одри Мабреј денес е инспирација за сите жртви на семејно насилство. Таа гласно говори за сопственото ужасно искуство со насилниот сопруг и се обидува колку може повеќе да ја поткрене свеста за овој проблем и да им помогне на жртвите.
Пред 13 години, Одри на 27-годишна возраст, додека живеела во Флорида (САД) и самата била жртва на насилниот и љубоморен сопруг Кристофер Ханеј кој претходно постојано ја обвинувал дека има афери и дека се гледа со поранешното момче во Канзас.
Тие неколку месеци биле разделени, а таа живеела посебно заедно со нивните две деца.
Една вечер отишла во нивниот претходен дом, верувајќи дека нејзиниот сопруг Кристофер не е дома. Тој ја нападнал со нож, ја одвлекол во гаражата, каде ѝ ги врзал рацете и се обидел да ја силува. Потоа ја удрил 4 пати со чекан по главата, ја полеал со бензин и ја запалил со свеќа.
По ова, Хенеј наводно се вратил во куќата и се обидел да се самоубие. Одри успеала да се ослободи, да стигне до соседите и да повика помош.
По бруталниот напад Одри била ставена 6 месеци во индуцирана кома, а кога се разбудила била шокирана од повредите на нејзиното тело и изгледот на нејзиното лице.
Во нападот таа се здобила со изгореници од втор и трет степен на 80 отсто од нејзиното тело.
„Тој ден тој успеа само да ми ја земе надворешната убавина и да ми нанесе лузни, но тоа е сѐ што успеа да ми земе. Нема да му дозволам да земе уште нешто од мене“ – рече таа во интервју една година по нападот.
По ова следел долг процес на терапии и операции кои ја оставиле во огромни долгови. За седумте операции Одри требала да плати 100.000 долари.
Благодарение на помошта што во 2013-та година ја добила од добротворната организација Face Forward предводена од жртвата на семејно насилство Дебора Алеси и нејзиниот сопруг Дејвид Алеси кој е пластичен хирург, Одри конечно успеа да си го врати изгледот.
„Кога ќе погледнам во огледалото, гледам само убава и самоуверена жена“ – вели таа.
Нејзиниот сопруг беше обвинет за насилен напад, обид за убиство и подметнување пожар.
За време на судењето во 2012-та година Ханеј тврдел дека е невин и дека Одри се обидела да го нападне со помош на маскиран маж.
Сепак овие информации веднаш биле отфрлени, а тој добил доживотна казна затвор за обид за убиство, 30 години затвор за подметнување пожар и уште 30 години за насилен напад.
Одри денес живее во Колорадо Спрингс заедно со нејзниот сопруг Дејвид Проспер и двете деца.
Погледнете повеќе нејзини фотографии:
https://www.instagram.com/p/BcTmIL2lmpf/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело