Поранешна стјуардеса открива: 5 бизарни причини заради кои може да се добие отказ

Стјуардесите што се на пробен период не смеат да го скратат здолништето, кога се болни не смеат да летаат ниту со друга авиокомпанија, а треба да очекуваат дека ќе бидат под постојан надзор. Поранешна стјуардеса открива бизарни причини за кои може да бидат отпуштени.

poraneshna-stjuardesa-otkriva-prvite-shest-meseci-od-rabotata-se-najteshki-5-bizarni-prichini-zaradi-koi-mozhe-da-ve-otpushtat-01.jpg

Стјуардесата Хедер Пул која над 15 години работела за позната авиокомпанија, ја објави книгата Cruising Attitude во која открива повеќе детали за нејзиното работно место.

poraneshna-stjuardesa-otkriva-prvite-shest-meseci-od-rabotata-se-najteshki-5-bizarni-prichini-zaradi-koi-mozhe-da-ve-otpushtat-02.jpeg

Таа во одговор на луѓето што велат дека нејзината професија е лесна говори за тоа дека мошне тешко се станува стјуардеса, а првите шест месеци се вистински предизвик.

poraneshna-stjuardesa-otkriva-prvite-shest-meseci-od-rabotata-se-najteshki-5-bizarni-prichini-zaradi-koi-mozhe-da-ve-otpushtat-03.jpeg

Познато е дека и за да станете стјуардеса треба да поседувате одредени физички предиспозиции, височина од 160 до 190cm и кога седнувате не смеете да носите продолженија на појасот за безбедност.

„Треба да бидеме доволно високи за да можеме да земеме опрема од горните делови на авионот, но не толку високи за да ги удираме главите“ – вели таа и појаснува дека авиокомпаниите ги одредуваат овие предиспозиции врз основа на типот на авиони во нивната компанија.

poraneshna-stjuardesa-otkriva-prvite-shest-meseci-od-rabotata-se-najteshki-5-bizarni-prichini-zaradi-koi-mozhe-da-ve-otpushtat-08.jpg

Иако правилата се различни во зависност од авиокомпанијата, Хедер истакнува дека откако ќе ја поминат обуката и ќе започнат на работа, тоа е периодот кога стјуардесите се соочуваат со најголемите предизвици.

Таа открива причини за отказ (кои не се исти во сите авиокомпании):

Во првите шест месеци откако ќе ги примат на работа сите нови стјуардеси се на пробен период и најмалите грешки може да доведат до нивно отпуштање.

poraneshna-stjuardesa-otkriva-prvite-shest-meseci-od-rabotata-se-najteshki-5-bizarni-prichini-zaradi-koi-mozhe-da-ve-otpushtat-07.jpg

Некои стјуардеси биле отпуштани поради неправилно носење на униформата, или ако имале врзан џемпер околу половината.

poraneshna-stjuardesa-otkriva-prvite-shest-meseci-od-rabotata-se-najteshki-5-bizarni-prichini-zaradi-koi-mozhe-da-ve-otpushtat-20.jpeg

Уште еден бизарен момент поврзан со униформата е дека новите стјуардеси не смеат да ја кратат должината на здолништето додека се на пробен период. Така, по должината на здолништето лесно може да препознаете кои се поискусни, а кои се „нововработени“ стјуардеси.

poraneshna-stjuardesa-otkriva-prvite-shest-meseci-od-rabotata-se-najteshki-5-bizarni-prichini-zaradi-koi-mozhe-da-ve-otpushtat-21.jpeg

Новите стјуардеси немаат право да летаат бесплатно кога не се на работа. Една стјуардеса била отпуштена затоа што се обидела бесплатно да лета додека била на пробен период.

poraneshna-stjuardesa-otkriva-prvite-shest-meseci-od-rabotata-se-najteshki-5-bizarni-prichini-zaradi-koi-mozhe-da-ve-otpushtat-22.jpeg

Ако сте болни не смеете да летате, ниту како патник во друга авиокомпанија. За прекршување на ова правило следува отказ.

poraneshna-stjuardesa-otkriva-prvite-shest-meseci-od-rabotata-se-najteshki-5-bizarni-prichini-zaradi-koi-mozhe-da-ve-otpushtat-23.jpeg

Неодамна уште една стјуардеса што редовно откриваше интересни детали за работењето како стјуардеса, беше отпуштена заради тоа што редовно објавуваше видеа на социјалната мрежа ТикТок.

@arina.bloom Just another Flight Attendant got in trouble. #cabincrew #flightattendant ♬ original sound - Arina Bloom

Други стјуардеси откриваат дека биле отпуштани затоа што објавувале фотографии во униформи додека не се на работа, а трети направиле поголеми прекршоци, како консумирање алкохол на работното место или користење на телефони додека се на работното место.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Потресно сведоштво на маж, жртва на домашно насилство: „Сопругата ми се закануваше со нож“ „Полошо од физичкото насилство, беа навредите и работите што ме деморализираа“, ...
„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Бизарно откривање на пол: 63-годишна жена и 26-годишниот сопруг чекаат дете од сурогат мајка Шерил од САД има 63 години, а нејзиниот сопруг има 26. Тие очекуваат дете од сур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg