„Со години се борам со епилепсија, се плашев да останам бремена, но успеав“ - Исповед на најпознатата светска модна блогерка

„Имав само 9 години кога го имав првиот епилептичен напад, целиот живот се справував успешно со болеста, но таа стана предизвик откако почнав да размислувам за бебе“ – откри светски познатата модна блогерка Камила Коелјо.

najpoznatata-svetska-modna-blogerka-spodeluva-so-godini-se-boram-so-epilepsija-kako-toa-se-odrazuva-vrz-mojata-bremenost-01.jpg

Најпознатата модна блогерка Камила Коелјо (34) на својот Инстаграм профил откри дека во моментов е бремена и го очекува своето прво бебе со сопругот Икаро Коелјо.

Таа ги сподели своите фотографии од насловната страница на Vogue каде позира бремена.

„Соништата се исполнуваат. Ова се најсреќните 23 недели од мојот живот. По проблематичниот пат, со толку многу страв и фрустрации заради епилепсијата, Бог нѐ благослови со посебен подарок во животот, за кој сонувавме најмногу – НАШЕ БЕБЕ! Многу сум среќна да го споделам ова со вас“ – напиша таа до фотографиите што ги објави на Инстаграм.

Камила во минатото отворено говореше за својата борба со епилепсијата. Како што рече, за првпат имала епилептичен напад на возраст од само 9 години.

„Ме однесоа во болница и ми рекоа дека имам епилепсија. За среќа, по дијагнозата, лековите ми помогнаа за да ја контриолирам болеста и имав мошне нормално детство без напади и престојувања во болница“ – раскажува таа.

View this post on Instagram

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho)

Камила појаснува дека нештата во голема мера се промениле откако нејзиното семејство одлучило да се пресели од Бразил во САД.

„Имав проблеми кога имав 16 или 17 години. Бев тинејџер и се обидував да се вклопам во новиот свет. Истовремено постојано стравував дека ќе добијам напад пред новите пријатели. Се наоѓав во ситуации кога се чувствував несигурна и збунета.

Се обидов да ја отфрлам епилепсијата и престанав да ги пијам лековите, па по неколку месеци, имав напад во средното училиште пред сите пријатели“ – се присетува убавата модна блогерка.

Ова бил пресвртен миг во нејзиниот живот, кога сфатила дека е мошне среќна затоа што кај неа лековите делуваат и успешно ги контролираат нападите, што не е случај за многу други луѓе.

Сепак, со текот на времето, откако почнала да размислува да стане мајка, епилепсијата повторно станала предизвик за неа.

„Знаев дека може да влијае врз мојата способност да останам бремена и да имам здрава бременост. Мојот лекар рече дека ако останам бремена и се откажам од лековите би можела да имам напад и брзо да го загубам бебето“ – вели таа.

Лекарите конечно им дозволиле да почнат да се обидуваат во текот на минатата година, по 16 години поминати во брак. Патот до потомство на Камила траел цели 9 месеци во кои секој месец се надевала дека конечно ќе остане бремена, но секој месец се разочарувала.

Откако конечно го видела позитивниот тест за бременост таа вели дека почнала да се чувствува уште позагрижено.

„И покрај тоа што имав силна верба и конечно останав бремена како што сонував, не можев да се справам со стравот што постојано ме прогонуваше за тоа дали сѐ ќе биде во ред со бебето.

Се чувствував виновна затоа што се буидев тажна и плачев. Не знам дали беше заради хормоните, но вистината е дека тоа само по себе си замина по неколку недели, откако направив повеќе тестови“ – вели таа.

Инаку, бременоста за жените со епилепсија претставува голем предизвик, затоа што додека се во блажена состојба, постои од 15 до 30 отсто поголема шанса за зачестување на нападите.

Исто така постојат голем број ризици за мајката и за бебето за време на бременоста, а земњето лекови за времето на бременоста може да го наруши здравјето на плодот.

Погледнете го видеото во кое Камила говори за својата бременост:

Погледнете повеќе фотографии од Камила на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg