Вистинска инспирација: Жена без раце родила ќерка и се грижи за неа – може да готви и да слика (фото+видео)

Сара Талби е родена без раце, но без проблем се грижи за својата 3-годишна ќерка, може да готви, па дури и да слика со помош на нејзините нозе. Таа живее во Белгија со нејзиниот сопруг кој со задоволство ѝ помага кога има потреба од тоа.

vistinska-inspiracija-zhena-rodena-bez-race-gotvi-slika-i-se-grizhi-za-3-godishnata-kjerka-foto-01.jpg

Сара Талби од Белгија е родена без раце, но таа не дозволува ова да ја спречи во ништо.

Сара се грижи за нејзината мала ќерка, без проблем готви и црта користејќи ги нејзините нозе, активна е на Инстаграм каде што има речиси 60.000 следбеници и го живее животот со полни гради.

View this post on Instagram

A post shared by Sarah Talbi (@sarah_talbi._)

Сара е уште популарна на Јутjуб каде што редовно споделува детали од секојдневието и открива како се справува со секојдневните предизвици. Наводно, таа никогаш не планирала да го сподели нејзиниот живот со целиот свет, но сега со задоволство го прави тоа.

„Навистина е лудо што толку многу луѓе го следат мојот канал. Ми се допаѓа што денес физичката попреченост е прикажувана во јавност и не се драматизира околу тоа.

Сакам да им покажам на луѓето дека мојот живот е нормален како и нивниот. Мислам дека моите следбеници го разбираат тоа. Сепак, мојот и нивните животи не се толку различни“.

Сара вели дека иако нејзината ќерка Лилија е мала, со неа отворено зборува за својата физичка попреченост.

„Мојот инвалидитет не е табу и Лилија го разбира многу добро. Пријатно сум изненадена колку природно ѝ изгледа целата ситуација. Таа вели: ’Мама нема раце, но има нозе‘ или ’Некои луѓе имаат раце, а некои немаат‘. Таа само воочува дека постои мала разлика и тоа е сè“.

Сара вели дека секако се соочува со предизвици и има работи што не може да ги направи, но тогаш ѝ помага нејзиниот сопруг.

„Јас не се грижам сама за ќерката – таа има прекрасен татко кој е вклучен во сите обврски“.

https://www.instagram.com/p/CYL2VPMFtQP/

Младата мајка истакнува и дека во првите месеци откако се родила ќерката, била многу исплашена.

„Предизвиците беа поголеми во првите три месеци додека бебето беше многу нежно. Многу ми беше страв дека ќе ја повредам, па нејзиниот татко завршуваше поголем дел од обврските. Ми беше особено тешко бидејќи како мајка сакав директна поврзаност.

Никогаш не ми било проблем да побарам помош за што било, но барањето помош за моето дете не беше многу лесно. Но, од друга страна, барав помош од нејзиниот татко кој со задоволство се грижи за неа“.

Сега, кога ќерката има три години, нештата се многу поедноставни.

„Кога наполни околу шест месеци, обврските беа полесни, но сепак ми требаше малку помош. Сега кога има три години можам сама да се грижам за неа без никаква помош. Можеме и сами да излегуваме од дома, а тоа е вистински благослов“.

Во Јутjуб видеата Сара открива дека може направи скоро сè со нејзините нозе. На пример таа без проблем готви, сама може да си облече градник, сама се шминка и може сама да се избања и облече.

Сара вели и дека добива огромна поддршка од нејзините следбеници, а речиси и да нема негативни коментари.

„Добивам многу малку негативни коментари. Кога ќе добијам лоша порака мислам дека тоа се злобни луѓе кои во мене гледаат предизвик што самите не можат да го надминат. Па, не можам да им замерам“.

Повеќе фотки од Сара и нејзината ќерка на следната страница…



Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg