„Партнерот ме злоупотребува и изневерува, но останувам со него за доброто на нашиот син - грешам ли?“
- Детали
- петок, 01 април 2022
„На почетокот изгледаше како совршен џентлмен. Ми отвораше врата, ми го местеше столчето и постојано се грижеше како сум. Но, по 6 месеци врска тоа почна да исчезнува. Тој почна да има огромни промени во расположението, да се нервира и вреска по мене за беззначајни работи...“
Жена на 32-годишна возраст го споделува својот проблем со сопругот со терапеветот на магазинот „TheSun“.
„Останувам со мојот партнер, кој е физички насилен кон мене со години, само поради доброто на нашиот син.
Знам дека има лош темперамент и се трудев да го прифатам тоа, но по сите мои жртви дознав и дека ме изневерува дури и со поранешната девојка на неговиот брат.
Јас имам 32 години, а тој 35 и заедно сме 9 години.
На почетокот изгледаше како совршен џентлмен. Ми отвораше врата, ми го местеше столчето и постојано се грижеше како сум.
Но, по 6 месеци врска тоа почна да исчезнува. Тој почна да има огромни промени во расположението, да се нервира и вреска по мене за безначајни работи.
Размислував да го оставам затоа што знаев дека заслужувам подобро, но тогаш открив дека сум бремена.
Пораснав во семејство со самохран родител и не го сакав тоа за моето дете, па останав со него и покрај неговото лошо однесување.
Се чувствував мизерно и колку што можев се трудев сама да ги правам работите, додека нè претставував како семејство пред другите.
Често ми правеше сцени и ме малтретираше, додека нашиот син беше присутен.
Секој ден ми е борба да се мотивирам себеси за да станам од кревет, но успевам во тоа поради мојот син.
Но, кога згора на сè дознав и дека ме изневерува со девојка што ја познавам, поранешната на брат му, побеснев. Ме третираше како ѓубре со години и на крај ми го направи ова.
Знам дека мора да го напуштам, но се грижам поради доброто на нашиот син.“
Советот од терапевтот:
„Не е чудно што се чувствуваш толку лошо. Си ја ставила својата среќа на страна за доброто на твојот син, што е за воодушевување, но децата најчесто се многу посвесни од што сфаќаме.
Твојот син ја перципира тензијата помеѓу тебе и партнерот и тоа верувај дека има големо негативно влијание врз него.
Заслужуваш некој кој двајцата ќе ве третира така како што заслужувате, и тебе и син ти.
Те молам размисли за својот следен потег.
Ти и твојот син заслужувате среќа и останувањето со маж, чие однесување е агресивно, ви штети на двајцата.“
С. С. | Црнобело