Смешни видеа од мажи кои немаат проблем партнерката да биде повисока – и прават шеги на своја сметка (видео)
- Детали
- недела, 03 април 2022
Како да позирате со партнерот доколку тој е понизок од вас? Како изгледа животот со понизок партнер? Дали некогаш би биле во врска со партнер што е понизок од вас? На социјалната мрежа ТикТок во тренд се паровите во кои девојката е повисока од нејзиниот „низок крал“.
Откако Том Холанд и Зендеја јавно истапија и признаа дека се во врска, на социјалните мрежи се појави нов тренд според кој паровите каде девојката е повисока од партнерот редовно објавуваат видеа и се шегуваат на своја сметка.
Видеата на социјалната мрежа ТикТок се објавени под хаштагот #shortking, а како „ниски кралеви“ се сметаат сите мажи што се под височина од 172 cm.
Досега се објавени повеќе забавни видеа во кои паровите покажуваат упатства како да се фотографирате со вашиот партнер доколку тој е понизок од вас, како изгледа животот со понизок партнер, но и како средината ги прифаќа.
На Инстаграм фотографиите на инфлуенсерката Аби Херберт речиси и не се забележува дека нејзиниот сопруг е значително понизок од неа, па затоа на ТикТок објави видео во кое појаснува како треба да позирате доколку партнерот е понизок од вас.
@abbieherbert SHARE AND TAG ALL SHORT KINGS AND TALL QUEENS!!! LIKE FOR PART 2 #short #tall #height #heightdifference #couple #husbandwife #couplegoal #relatable #comedy #viral #pose #fyp #4u #surprise #shortking #parents #parentsoftiktok #itsajoke #couplecomedy #tutorial ♬ Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod & Kevin The Monkey
Некои ниски мажи имаат покреативни решенија за фотографирање.
@matilda.atc #shortking #fyp ♬ use this audio if you love mcuctrl - isabella
Друг корисник пак одлучил да се забавува на своја сметка и да ги интервјуира повисоките девојки од него дали би имал шанса кај нив.
@alicheeser Had to prove them all wrong ? ( gains matter more than height ?) #shortkings #heightdifference #publicinterview #gains #fy ♬ original sound - Ali
Видеото во кое фотографот Дејвид Су покажува како правилно да позирате со понискиот партнер за совршени фотографии во моментов има над 6,3 милиони прегледи.
@davidsuh My short kings boutta be rockin it this Valentine’s Day ?
♬ original sound - David Suh
Други пак само сакаат да се пошегуваат на сопствена сметка и да покажат некои интересни детали од сопствениот живот.
@lillete Short kings matter ??
♬ original sound - Lete
Б. С. Б. | Црнобело