Девојка од Ирска објави искрени фотки како изгледа алопецијата - за 5 години изгубила 80% од косата
- Детали
- петок, 01 април 2022
29-годишната Клои од Ирска се соочува со непријатни коментари од луѓе што ја исмејуваат, а еден од нив гласел: „Жена без коса, не е жена“.
Клои Шихан (29) oд Ирска за првпат забележала дека нешто не е во ред со нејзината коса, кога фризерот во 2017 година забележал мал ќелав предел на нејзината глава со големина на монета.
Оттогаш нејзината состојба се влошувала константно и во рок од 5 години изгубила 80% од косата поради алопеција.
Таа отворено говори за алопецијата и вели дека се соочува со непријатни коментари од луѓе што ја исмејуваат, а еден од нив гласел: „Жена без коса, не е жена“.
Клои работела како стоматолошка сестра кога почнала да ја губи косата и вели дека ѝ било многу непријатно од пациентите и почнала постојано да ја собира косата, за да ја прикрие состојбата.
Ова автоимуно нарушување има непредвидлив тек и нејзина најголема поддршка биле семејството и свршеникот.
Кога собрала сила да ја прифати состојбата, почувствувала дека конечно има контрола над ситуацијата.
Таа споделува искрени фотографии како изгледа соочувањето со алопеција:
С. С. | Црнобело