Живот од соништата: Семејство ќе живее на крузер, патувајќи низ светот (во апартман од милион долари)
- Детали
- четврток, 31 март 2022
Дефинитивно живот од соништата, зарем не? Би можеле ли да се замислите да живеете во вакво живеалиште?
Марк и Бет Хантер од Лос Анџелес отсекогаш сонувале да ги однесат своите две ќерки на пат околу светот со мала јахта.
Но, поради стравот како би изгледало тоа и дали би можело безбедно да се изведе, тие донеле поинаква одлука.
Купиле апартман од 1 милион долари на огромниот крузер „Narrative“. Семејството ќе живее во апартман со две спални соби, два тоалети на крузерот кој ќе биде од поинаков тип, односно наменет за живеење, а не само за краткотрајни патувања.
Тој ќе биде практично како мал град на вода со кино, СПА, градина, медицински центар, книжарница со повеќе од 10.000 книги итн. Потоа ќе има 20 ресторани и барови, 3 базени, уметничко студио, куглана, јога студио, место за миленици итн.
„Мислевме да пловиме низ светот сами, но сфативме дека ќе изгубиме многу време во одржување и работење на бродот и ќе ни останува малку време за истражување, па се одлучивме за поинаква опција. На овој начин нема да мораме да се грижиме за готвење, перење и чистење.“
На крузерот се очекува да има 547 жители, сместени во апартмани од еднокреветни до четирикреветни. Некои ќе се продаваат, а некои изнајмуваат.
Се очекува бродот да започне со пловење во 2024 година, а тогаш ќерките на Марк и Бет ќе имаат 14 и 16 години.
Жителите на бродот можат да доаѓаат и да си одат кога сакаат, да канат пријатели и да ги изнајмуваат своите имоти додека не се на море. Ќе се плови постојано и ќе се прават долги паузи на разни пристаништа низ светот.
Како ќе изгледа животот на крузерот „Narrative“:
С. С. | Црнобело