Една година по смртта на принцот Филип - кралицата Елизабета во солзи, Кејт Мидлтон достојна крај неа (фото)
- Детали
- вторник, 29 март 2022
Принцот Филип почина на 99 години, а со кралицата Елизабета беше во брак 73 години. Таа не може да го прежали својот сакан – емотивна на годишнината од неговата смрт, во придружба на саканите...
Кралицата Елизабета (95), заедно со кралското семејство, одбележа една година од смртта на својот сакан, принцот Филип, со кого беше во брак 73 години.
Ова е прво големо јавно појавување на кралицата во последните 6 месеци.
Таа беше фотографирана со солзи во очите на настанот.
Поддршка ѝ беа принцот Чарлс, принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, како и скандалозниот принц Ендрју.
Единствени кои не присуствуваат на настанот од кралските членови сениори беа принцот Хари и Меган Маркл.
И покрај проблемите со здравјето, кралицата успеа да стои на нозе за време на службата, во чест на нејзиниот починат сопруг.
За оваа пригода Кејт се појави во внимателно избран стајлинг и уште еднаш докажа дека е достојна за идна кралица.
Прочитајте и Зошто принцот Филип никогаш не стана крал?
Фотографии од одбележувањето на годишнината од смртта на принцот Филип, кој почина на 99 години:
С. С. | Црнобело