„Со сопругот се запознавме на Тиндер, мајка ми го вика 'сине' - тој е 22 години повозрасен од мене“
- Детали
- вторник, 29 март 2022
Марк и Савана се запознале на Тиндер, но немале намера да се сретнат. Една случајна средба на излегување целосно им ги променила животите. Денес се во брак, тој е 22 години повозрасен од неа, а Савана раскажува дека заради врската ги загубила другарките.
Секогаш се интересни паровите што имаат голема генерациска разлика меѓу нив и коишто сакаат да покажат дека според нив најважна е вистинската љубов, а дека годините се само бројки.
Савана Милер (23) и нејзиниот сопруг Марк (45) од Сиднеј првпат се поврзале на Тиндер пред пет години, но никогаш не планирале да се сретнат.
Сосема случајно една вечер се сретнале на излегување и сфатиле дека си одговараат.
Савана вели дека од истиот миг кога го запознала Марк забележала дека тој е поразличен од нејзините други момчиња и нивната врска станала посериозна за брзо време.
„Моите други момчиња не ми беа физички привлечни и не бев интимна со никој од нив. Не ме сфаќајте погрешно, тие беа добри момчиња и сè уште сум другарка со нив но немаше никаква привлечност – иако на другите девојки на моја возраст тие им се допаѓаа“ – вели таа.
За Марк појаснува дека чувствува длабока физичка привлечност, но и со него може да води сериозни разговори.
„Чувствувам дека сме и партнери и љубовници и постојано си даваме заемна поддршка и искрени сме еден со друг“- појаснува таа.
Откако почнале да се состануваат Савана брзо го запознала Марк со нејзиното семејство и немале поголеми проблеми во тој поглед, па открива и дека нејзината мајка, која е само 7 години повозрасна од нејзиниот сопруг, го вика „сине“.
Но, со пријателите нештата биле сосема поинакви. Пријателите на Марк брзо ја прифатиле Савана, но нејзините другарки имале предрасуди за нивната врска.
„Загубив две од моите најдобри другарки затоа што тие не можеа да сфатат дека можеш добро да се согласуваш во врска со некој повозрасен и сметам дека имаа конзервативни сфаќања за врските.
Секогаш велам дека сум среќна затоа што ги загубив затоа што сметам дека оние пријатели што не те поддржуваат само затоа што имаат различни сфаќања за работите не се вистински пријатели – имаме различни животи и треба да се поддржуваме меѓусебно без разлика на нашите сфаќања“ – вели Савана.
Савана и Марк често патуваат, а вели дека во 2020-та година одлучиле и да стапат во брак. Како што раскажува седеле во кафуле во Нов Зеланд и тој ѝ рекол да избере датум за да направат венчавка.
Четири месеци подоцна, односно во февруари 2021-ва година Савана и Марк стапиле во брак во присуство на најблиските.
Тие велат дека сакаат еден ден да имаат деца, но не им се брза, а редовно објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи со кои сакаат да ги нормализираат врските со поголеми генерациски разлики.
Погледнете дел од нивните фотографии во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CMkrV0np9Yp/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CMEeInHgnfp/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CG0xwkBAxqI/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело