Новиот часовник Swatch – Omega ги надмина сите очекувања: Стампедо во Тајван, редици во Лондон, Милано, Хонгконг
- Детали
- сабота, 26 март 2022
Стампедо во Тајван, редици во Њујорк, Лондон, Милано, Амстердам и во сите светски метрополи. Новите часовници Swatch-Omega ги надминаа сите очекувања.
Првичните количини на новата заедничка серија на часовници на Swatch и Omega направи вистински бум низ целиот свет, незапаметен во историјата на часовничарството и се распродадоа за само еден ден.
Фото: Daily mail - Лондон
Станува збор за часовник што е направен во соработка помеѓу Swatch и Omega и истиот претставува подостапна верзија на часовникот Speedmaster Professional, што го добил името Moonwatch затоа што истиот го носеле астронаутите што стапнале на Месечината во 1969-та година.
Фото: Daily mail - Лондон
На сивиот пазар новата серија достигнува вртоглави цени од 5.000 до 8.000 долари. Ова немаше да биде ништо чудно, ако редовната цена на часовниците не е 250 долари.
Добра вест: Часовниците не се лимитирани и ќе бидат достапни и на Балканот. Преднарачките се веќе возможни во застапникот на Swatch и Omega за Македонија „Божиновски часовници и накит“.
Од „Божиновски“ ветуваат дека Македонија оваа неповторлива серија ќе ја добие прва од балканските земји.
Во Њујорк, Лондон, Ротердам, Милано, Хонгконг можеа да се забележат огромни редици на луѓе што се собраа уште пред отворањето на продажните салони на Swatch.
Прочитајте и Револуција во часовничарската индустрија - Swatch и Omega ги претставија заедничките модели на часовници
Погледнете повеќе фотографии и видеа во продолжение:
Тајван
https://www.instagram.com/p/Cbjpn6Fu2Wa/?utm_source=ig_web_copy_link
Венеција
Рим
https://www.instagram.com/p/Cbj1-sBtufk/?utm_source=ig_web_copy_link
Брисел
Валенсија
Хонгконг
https://www.instagram.com/p/CbjGTW6llik/?utm_source=ig_web_copy_link
Австралија
Сан Франциско
Б. С. Б. | Црнобело