Бремена инфлуенсерка го вовлекуваше стомакот во 6-ти месец за слава, а по критиките се жали: „Добивам ужасни коментари“
- Детали
- сабота, 26 март 2022
„Најлоши се коментарите од луѓето што сметаат дека се експерти за бременост затоа што биле бремени претходно“ – вели Сарати Калахан, која пред извесно време стана вистинска сензација на ТикТок откако го вовлече стомакот во шестиот месец од бременоста.
Сарати Калахан е фитнес инфлуенсерка со 10 милиони следбеници на ТикТок, а во октомври 2021-вата соопшти дека е бремена. Таа открива како е да се биде бремена инфлуенсерка и со кои предизвици се соочува.
Калахан учествувала во голем број ТикТок предизвици за бремени жени, а вели дека големиот број коментари во кои се вели дека таа ќе го повреди или ќе го убие сопственото бебе станале толку зачестени, поради што станала параноична и почнала воопшто да не чита коментари.
Таа во едно од видеата во шестиот месец од бременоста го вовлече стомакот во целост, по што следеа голем број коментари од типот: „ќе го убиеш сопственото дете“, иако се смета дека тоа во целост е безопасно.
@sarati She’s moving up! I can still do it (barely) lol #pregnant ♬ som original - WinningNHLBettor
Инфлуенсерката признава дека во периодот од бременоста ѝ се зголемил бројот на следбеници, но дека цената што ја платила поради лошите коментари е превисока.
Таа за Insider вели дека поради лошите коментари воопшто не може ниту да спие навечер, а морала да консултира и психотерапевт заради анксиозноста со која се соочува.
Според Калахан најлоши се коментарите од „луѓето што мислат дека се експерти за бременост затоа што биле претходно бремени“.
„Тие не живеат во моето тело и не сакаат да сфатат дека секоја бременост е различна“ – вели Сарати.
Освен Сарати, Аби Херберт (25) и Бела Ретамоса (22) се уште две инфлуенсерки што редовно споделуваат видеа и учествуваат во предизвици додека се бремени.
Сите три инфлуенсерки се сложни дека за време на бременоста добиле околу 100.000 дополнителни следбеници, но колку повеќе им се зголемува бројот на следбеници, толку полоши коментари добиваат.
Херберт и Ретамоса веќе се породија, а сега велат дека се постојано мети на критики заради начинот на кој ги одгледуваат своите деца.
Сепак, Херберт вели дека не жали што ја документирала сопствената бременост на социјалните мрежи:
„Ги имам сите овие мигови на кои можам да се навратам. Навистина сум благословена затоа што имав успешна бременост и здраво бебе и што можев тие мигови да ги споделам со светот“ – вели таа.
Што мислите, добро ли е тоа што бремените инфлуенсерки ги споделуваат интимните моменти со јавноста или не? Го оправдувате ли тоа што постојано изведуваат некакви предизвици и сметате ли дека тоа е во ред?
Б. С. Б. | Црнобело