Англичанка со белег на лицето собира пари за третман за отстранување: „Ме малтретираа на училиште, сега спијам со пудра“

Емили од Англија има белег што покрива речиси половина од нејзиното лице, а поради малтретирањето што го трпела на училиште, нејзината самодоверба е срушена, па одбива да му го покаже лицето без шминка на вереникот и спие со пудра.

anglichanka-so-golem-beleg-na-liceto-sobira-pari-za-tretman-za-otstranuvanje-me-maltretiraa-na-uchilishte-sega-spijam-so-pudra-01.jpg

Емили Халет од Англија е родена со голем белег на нејзиното лице. 33-годишната жена вели дека била толку исмејувана на училиште, што ѝ се срушила целата самодоверба, па сега ѝ е страв да му го покаже лицето дури и на вереникот и си легнува со пудра со цел да го покрие белегот.

Белегот на Емили покрива речиси половина од нејзиното лице и речиси целиот живот таа го крие под слој дебела пудра, дури и пред нејзиниот вереник.

anglichanka-so-golem-beleg-na-liceto-sobira-pari-za-tretman-za-otstranuvanje-me-maltretiraa-na-uchilishte-sega-spijam-so-pudra-03.jpg

Младата жена и вереникот Адам се заедно пет години, но таа никако не дозволува тој да ја види без шминка. Емили оди до тој степен што си легнува со пудра и се буди рано наутро за да се нашминка пред да се разбуди Адам.

„Вереникот ме нема видено без пудра. Знае дека го имам белегот бидејќи се познава и под шминката, но јас го мразам, мислам дека е одвратен.

Воопшто не ја бришам шминката и постојано додавам слој во текот на денот. Откако ќе се истуширам навечер, си ставам пудра пред спиење. Наутро станувам прва за да се нашминкам“.

anglichanka-so-golem-beleg-na-liceto-sobira-pari-za-tretman-za-otstranuvanje-me-maltretiraa-na-uchilishte-sega-spijam-so-pudra-08.jpg

„Кога се запознавме со Адам, навистина сакав да му бидам привлечна, па му реков дека не сакам да зборувам за белегот и го замолив и тој да не зборува за тоа“.

Наводно, белегот на Емили настанува кога капиларите на лицето стануваат многу широки, поради што ја менуваат нијансата на кожата.

anglichanka-so-golem-beleg-na-liceto-sobira-pari-za-tretman-za-otstranuvanje-me-maltretiraa-na-uchilishte-sega-spijam-so-pudra-05.jpg

Емили го има белегот од раѓање, а вели дека ѝ претставувал сериозен проблем на училиште.

Врсниците толку многу ја малтретирале, што таа морала да го промени училиштето. Во новата средина, пак, ѝ било тешко да си најде нови пријатели поради срушената самодоверба.

„Ми викаа сешто, гледа во мене и ми измислуваа прекари. Најмногу ме малтретира момчињата. Сето ова имаше големо влијание врз мене. Немав многу пријатели. Не сакав да зборувам со луѓето бидејќи не знаев што ќе помислат за мене“.

anglichanka-so-golem-beleg-na-liceto-sobira-pari-za-tretman-za-otstranuvanje-me-maltretiraa-na-uchilishte-sega-spijam-so-pudra-04.jpg

Емили почнала да го крие белегот со пудра на 18-годишна возраст бидејќи почнала да се грижи дека никогаш нема да си најде момче.

„Не ја открив моќта на шминката додека не наполнив 18 години. Никогаш не мислев дека ќе си најдам момче, но шминката малку ми ја врати самодовербата. Оттогаш постојано го кријам белегот со пудра“.

anglichanka-so-golem-beleg-na-liceto-sobira-pari-za-tretman-za-otstranuvanje-me-maltretiraa-na-uchilishte-sega-spijam-so-pudra-06.jpg

„Многу луѓе што не ги познавам ме прашуваат дали сум имала изгореници или што сум му направила на лицето. Некогаш, пак, кога ќе забележам дека некој маж гледа во мене, прво си мислам дека сум му привлечна, но потоа ми станува јасно дека гледа во мојот белег“.

anglichanka-so-golem-beleg-na-liceto-sobira-pari-za-tretman-za-otstranuvanje-me-maltretiraa-na-uchilishte-sega-spijam-so-pudra-09.jpg

Сега, младата жена пробува да собере пари за ласерски третман со кој се надева дека ќе го спречи проширувањето на белегот.

„Со возраста белегот стана малку поголем и потемен. Некогаш потемнува поради хормоналните промени. И менопаузата може да предизвика промени. Постојано мислам на тоа.

Ласерскиот третман ќе го намали и ќе ја спречи промената на текстурата, а тоа е мојот најголем страв. Третманот би требало да помогне и со црвенилото“.

Еден ласерски третман чини околу 700 евра, а Емили треба да направи осум за да забележи разлика.

anglichanka-so-golem-beleg-na-liceto-sobira-pari-za-tretman-za-otstranuvanje-me-maltretiraa-na-uchilishte-sega-spijam-so-pudra-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По 100 операции и третмани од кои ѝ се распадна лицето, Џесика Алвес ги отстранува филерите: „Сакам ... Џесика Алвес, која пред да го промени полот беше нарекувана „жив Кен“, вели дека...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
Дете (8) од Африка ја поминало Сахара пеш за да стигне до Европа, откако селото му било уништено во ... 8-годишниот Оумар од Африка поминал над 5.600 километри за да стигне од Мали до ...
Сакаат да изгледаат помладо - Познати мажи кои ставиле ботокс и филери Истакнати јаболчници и затегната кожа без брчки - сѐ повеќе славни мажи подлегну...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg