„И јас како Кајли Џенер му го променив името на моето дете на речиси 1 година – луѓето ме осудуваа“

„Мојот син Итан беше ведро и весело момче, но мојот сопруг и јас сметавме дека името не му прилега. Ни се допаѓаше пред да се роди, но потоа во практика ни се виде како премногу формално за него...“

i-jas-kako-kajli-djener-mu-go-promeniv-imeto-na-moeto-dete-na-rechisi-1-godina-lugjeto-me-osuduvaat-01.jpg

Деновиве одекна веста дека Кајли Џенер се премислила за името на синот - Волф (волк) и му го променила, но не откри кое е новото име.

Кајли и Тревис Скот го добија синот, кој е нивно второ дете, на почетокот од февруари годинава и Кајли изјави дека ѝ изгледало дека името Волф не му прилега.

Но, тие не се единствените кои отпосле го промениле името на детето.

Истото го направиле и Стејси Флин Шофилд (38) и нејзиниот партнер Питер Шофилд (41) од Англија.

Нивниот син Беар (мечка) кој сега има 9 години, кога се родил го крстиле Итан.

i-jas-kako-kajli-djener-mu-go-promeniv-imeto-na-moeto-dete-na-rechisi-1-godina-lugjeto-me-osuduvaat-06.jpg

За магазинот „Fabulous“ Стејси ја пренесува нивната приказна:

„Мојот син Итан беше ведро и весело момче, но мојот сопруг и јас сметавме дека името не му прилега. Ни се допаѓаше пред да се роди, но потоа во практика ни се виде како премногу формално за него. Сакавме да го викаме Беар.

Името Беар имаше приказна за нас.

i-jas-kako-kajli-djener-mu-go-promeniv-imeto-na-moeto-dete-na-rechisi-1-godina-lugjeto-me-osuduvaat-03.jpg

За време на бременоста мојот сопруг, поранешен војник, беше стациониран во Авганистан. Тој се трудеше колку што е можно повеќе да биде во контакт со мене и ми праќаше слатки писма во кои на мене и детето што го носев ни се обраќаше со „Стејси Беар и Бебе Беар.“

Па, кога сфативме дека името Итан не му одговара на нашиот син на неполна година дена, веднаш на ум ни падна Беар.

i-jas-kako-kajli-djener-mu-go-promeniv-imeto-na-moeto-dete-na-rechisi-1-godina-lugjeto-me-osuduvaat-05.jpg

Сакав да го промениме името, но се грижев дали ќе го сфатат сериозно на училиште или на работа кога ќе биде возрасен.

Во 2012 беше чудно да се стави такво име и затоа кога се роди го крстивме Итан, а Беар му го ставивме само како средно име.

Но, како минуваа месеците на нашиот син ние му се обраќавме со Беар. Имав чувство дека направивме грешка, па мојата идеја ја напишав на еден форум за жени, кад ме поддржаа дека името Беар е слатко и им се допаѓа, но имаше и брутални коментари.

На крај со сопругот сфативме дека туѓите мислења не се важни и во февруари 2013 година од Итан Беар го прекрстивме во Беар.

Тоа беше кратко пред неговиот прв роденден.

i-jas-kako-kajli-djener-mu-go-promeniv-imeto-na-moeto-dete-na-rechisi-1-godina-lugjeto-me-osuduvaat-02.jpg

Сега, години подоцна тој си го обожава своето „чудно“ име, а поголемиот дел од луѓето не ни знаат дека некогаш имал друго име.

Јас го обожавам името и задоволна сум.

Мислам дека Кајли и Тревис имаат право да го променат името на нивното бебе на 1 месец старост. Ако Волф не им се допаѓа, нема потреба да остане и потоа да се каат цел живот.

Како и да е, мене ми се допаѓа, затоа што е инспирирано од животинскиот свет, но ги поддржувам.“

i-jas-kako-kajli-djener-mu-go-promeniv-imeto-na-moeto-dete-na-rechisi-1-godina-lugjeto-me-osuduvaat-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg